Прејди на содржината

Креницински вулкан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Креницински вулкан
Највисока точка
Надм. вис.1,324 м
Координати49°21′N 154°42′E / 49.35° СГШ; 154.70° ИГД / 49.35; 154.70
Географија
Креницински вулкан на карта

Карта

МестоКурилски Острови, Русија
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1952

Креницински вулкан (руски: Вулкан Креницына) — активен стратовулкан во јужниот дел на островот Онекотан, кој припаѓа на северниот дел на Курилските Острови, во областа на Сахалин во Русија. Тој се наоѓа наоѓа во купата Тао-Русир, формиран во околу 5.550 година п.н.е., како резултат на една од најсилните ерупции на Курилски Острови во времето на холоценот[1][2]. Овој вулкан е најголемиот вулкан во светот, кој се наоѓа во купата на друг вулкан[3][4].

Вулканот е именуван по рускиот морнар Петар Кузмич Креницин, истражувач на Камчатка и Алеутските Острови[4].

Опис[уреди | уреди извор]

Балзатско-андезитската купа Тао-Русир има внатрешен пречник од 7,5 километри и пречник на основата од 16-17 километри[2][4]. Ѕидовите на купата се помеѓу 540 и 920 метри. Овде се наоѓа и најдлабокото слатководно езеро во регионот на Сахалин - Калцовско Езеро[3]. Неговиот пречник е 7 километри додека неговата максимална длабочина е 264 метри, а површината на водата е на 400 метри надморска височина[2][3]. Вообичаено, водата е мирна, но по силниот ветер брановите можат да достигнат висина од 3 метри[4].

Во северозападниот дел на езерото, високо над работ на купата, се издига симетрични конус на вулканот и образува остров со пречник при основата 4 километри. Неговиот состав е главно андезитски и се издига до 1324 метри надморска височина[1][4]. На врвот завршува со кратер од 350 метри во пречник и 100 метри во длабочина, исполнет со вода. Во 1952 година, овде се случила вулканска ерупција, создавајќи уште еден голем кратер на својата североисточна падина. Во исто време на источниот брег била формирана мала лавина купола[2].

Флора[уреди | уреди извор]

Внатрешните карпи на купата се покриени со евла и ливадна вегетација. На стрмните падини на вулканот, до тесниот крајбрежен појас, се спуштаат големи и помали камења. На падините на купата и на самиот вулкан растат здравец, каменоломка итн.

Активност[уреди | уреди извор]

Се верува дека купата била формирана во 5550 п.н.е. како последица на многу голема ерупција која имала показател на вулканска избувност од 6. Единствената докажана ерупција на вулканот била во 1952 година со показател од 3[5]. Ерупцијата се случила една недела по силниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала[6]. Потоа, кратерското езеро било формирано на врвот како и лавина купола. Денес се забележува фумалорна и топлинска активност[1][4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „SVERT (Сахалинская группа реагирования на вулканические извержения)/Активные вулканы Курильских островов – Краткое описание“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-07-04. Посетено на 2017-12-01.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Global Volcanism Program/Tao-Rusyr Caldera
  3. 3,0 3,1 3,2 Sakhalin. Shamora/Вулкан Креницына
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Es Geo/Вулкан Креницына“. Архивирано од изворникот на 2017-07-14. Посетено на 2017-12-01.
  5. Oregon State University/Volcano World/Tao-Rusyr Caldera
  6. NASA/Earth Observatory/ Tao-Rusyr Caldera, Onekotan Island, Kuril Islands