Кредитна картица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

1.Развој[уреди | уреди извор]

Кредитните картички за првпат се појавиле во САД во текот на 20тите години на минатиот век,кога некои нафтени компании и ланци на хотели започнале да ги издаваат на своите потрошувачи.Овие кредитни картички биле од затворен тип т.е можеле да се користат само во продажните објекти на компанијата која ги издавала.Нивната употреба значајно се зголемија по II Светска војна. Првата универзална кредитна картичка ја издава Diner’s Club Inc. во 1950 година.Во овој случај Diner’s Club им наплаќа годишна провизија на сопствениците на картичките,а нивните сметки ги задолжува месечно или годишно.Фирмите соработници на Diner’s Club плаќале годишна провизија од 4-7% од вкупната сума на нивната сметка.Друга значајна картичка од овој тип лансира и American Express Company во1958 година. Подоцна се појавиле и банкарски системиза кредитни картици во кои банката му ја одобрува сметката на трговецот веднаш по приемот на сметката за наплаќање на стоката и вклучувајки го износот кој ке биде додаден на сметката на крајот од договорениот периодот.Сопственикот на картицата овој износ го плака во банката во целост или на месечни рати со пресметана камата.Првиот банкарски систем од национално значење бил BankAmericard,создаден од Bank of America од Калифорнија во 1959година.Во другите држави системот е лиценциран во 1966 година,а од 1976-77 година го носи името VISA.Други значајни картици се MasterCard и Barclay’s . Значи кредитните картици во денешна форма се појавиле во САД во 60тите години,но дури неодамна нивната употреба е проширена надвор од Северна Америка.До крајот на 70тите години нивната употреба во Европа е мала.Дебитните картици најмногу се употребуваат во Велика Британија и одреден број земји на OECD. Кредитна картица во денешен смисол е картица со која се докажува дека на нејзиниот сопственик му е одобрена кредитна линија.Кредитните и дебитните картици се повеке добиваат значење за плаќање на мало при купување на одредени добра и услуги.

2.Основни карактеристики на платежните картици[уреди | уреди извор]

Платежната картица вообичаено се дефинира како мало парче пластика кое содржи некое средство за идентификација(пр.потпис),што му овозможува на лицето на кое гласи картицата да купува производи или услуги на терет на својата сметка.Картиците можат да се користат за плакања за производи и услуги во земјата на сите продажни места кадешто постои знак од картицата и подигање на готовина од шалтер или банкомат.Платежните картици се издаваат на физички и правни лица.За добивање на картица потребно е да се отвори тековна сметка во банката или денарска наменска сметка,а за користење и во странство најчесто и девизна сметка.Додека купуваат со дебитна/кредитна картица лугето не ни размислуваат за процедурите што се одвиваат во “позадина”. Основни предности од користење на платежните картиците се: -Eдноставна употреба -заштеда на време -поголема сигурност во случај на губење на картицата за разлика од готовина -расположливост на средствата од сметката 24 часа дневно и -плакање и кога нема доволно средства на сметката(кредитни картици).

3.Што претставува кредитната картица?[уреди | уреди извор]

Кредитната картица,како што самото нејзино име кажува е картица со која добивате кредит од банка.Овој кредит го користите со употреба на самата картица,а тоа значи со купување или извршена уплата.Затоа ваквиот кредит се нарекува револвинг.Уште една предност кај кредитната картица е тоа што сами го бирате износот на уплатата(сепак тој не смее да биде помал од минимумот прикажан на изводот).Ако до рокот кој е зададен во изводот го уплатите целиот износ кој сте го потрошиле тогаш банката не наплаќа камата.Периодот за кој не се наплаќа камата се вика grace period. Kредитните картици не само што претставуваат подобро средство за плаќање од чековите туку и многу значаен инструмент во продажната политика со кој се овозможува краткорочно кредитирање на поедини трговци и потрошувачи на мало.Кредитната картица е легитимација,која го овластува легитимниот имател на безготовинското плаќање кај договорените претпријатија.Во нејзиниот понатамошен развој се очекува постепена трансформација во хартии од вредност на име. При користење на кредитните картици,засегнати се обично 4 страни: -Сопственикот на картицата -Трговецот кој продава стоки или услуги -Оној кој го обработува плакањето со картицата и -Емитентот на картицата Во некои случаи фирмата која го обработува плакањето со картица и емитентот се исти,но во повекето случаи тие дејствуваат како различни правни ентитети

4.Функции на кредитната картица[уреди | уреди извор]

Кредитната картица опфаќа 3 главни функции: -Средство за безготовински платен промет -Инструмент за кредитирање на сопственикот(купувачот) -Општоприфатено интернационално платежно средство,без конверзија на една валута во национални пари Кај универзалниот систем на кредитни картици,плаќањето се врши во временски интервали,преку сметката на издавачот на картицата или преку банка без посебно плаќање.Плаќањето преку банка се врши со намалување на средствата на сметката на корисникот. Покрај кредитната функција на кредитните картици,многу е значајна и нивната платежна функција.Се работи за безготовинското плакање кое има низа предности пред готовинското. Платежната функција на кредитните картици не е врзана само за одредено монетарно подрачје.Платежната функција се состои во тоа да производите и услугите на договорените претпријатија не се исплаќаат одма туку повремено и не на договореното претпријатие туку на издавачот на картицата.

5.Процесот на плаќање[уреди | уреди извор]

Вообичаената трансакција со помош на кредитна картица,се одвива на следниов начин: Продавачот ја израчунува вредноста што купувачот треба да ја плати. Купувачот ја дава својата кредитна картица. Продавачот ја провлекува картицата низ ПОС терминалот Вредноста на купената стока се внесува рачно. Продавачот ги поднесува податоците за кредитната картица и вредността на купената стока во својата банка-соработник,со наредба за авторизација.ПОС терминалите обично се наместени да бараат авторизација во самиот момент на продажба,а вистинскиот пренос од сметката се врши покасно.Банката-соработник потоа ја проследува трансакцијата,проследувајќи го барањето за авторизација на банката која ја емитира картицата.Бројот на картицата го идентификува видот на картицата,банката која ја емитирала и сметката на сопственикот на картицата.