Крв и почва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Министерството за храна и земјоделство на Третиот Рајх, како и на идеологијата „Крв и почва“

Крв и почва (германски: Blut und Boden) се однесува на идеологија фокусирана на етничката припадност заснована на два фактори, потекло (Крв) и родна земја (Почва). Таа го прославува односот на еден народ кон земјата што ја заземаат и обработуваат и за многу вредни ги смета вредностите на руралниот живот. Овој германски израз бил создаден кон крајот на 19 век, во трактати кои промовирале расизам и национален романтизам.