Крваво писмо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тодор Каблешков

Крвавото писмо е емблематско писмо, напишано од бугарскиот револуционер Тодор Каблешков. Според книгата „Белешки по бугарските востанија“ (Записки по българските въстания) на Захари Стојанов тоа е потпишано со крвта на мудирот Кара Хусеин кој е убиен од Георги Тиханек на Калачевиот мост во Копривштица на 20 април 1876 година.

Писмото е испратено на војводата Георги Бенковски во Панаѓуриште. Овој акт се смета за почетокот на Априлското востание, које индиректно ја постигнува слободата на Бугарија.

Според Захари Стојанов Крвавото писмо е со следната содржина:

Браќа!

Вчера во село пристигна Неџеб ага од Пловдив кој сака да апси неколку души заедно со мене. Кога бев известен за вашето решение на Оборишткото собрание, повикав неколку души јунаци кај мене и кога се вооруживме, тргнавме кон конакот каде го нападнавме и го убивме мудирот, со неколку заптии... Сега, кога ви го пишувам ова писмо, знамето се вее пред конакот, пушките грмат заедно со екот на црковните ѕвона, и јунаците се бакнуваат еден со друг по улиците!... Ако вие, браќа, сте биле вистински патриоти и апостоли на слободата, следете го нашиот пример и во Панаѓуриште...

Копривштица, 20 април 1876 г.

Т. Каблешков.

Бев очевидец кога се изврши се што е кажано горе во писмото на Тодора. Тргнувам за Клисура за да го направам истото.

Н. Караџов.