Крањска пчела (дело)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловна страница (1830)

Крањска пчела (словенечки: Krajnska čbelica) — првиот алманах на поезија на словенечки јазик[1].

Првиот том бил објавен на 30 април 1830 година, а следните во 1831, 1832, 1834 и 1848 година. Негов уредник бил Миха Кастелич, додека истакнати автори кои соработувале и објавувале во него биле: Франце Прешерен, Матија Шоп и Андреј Смоле.

Алманахот бил наменет за ширење на националното учувство и образованието на мајчин јазик кај словенците[2].

Државниот режим во Австриската империја не дозволувал политички активности на националните движења. Тој бил потолерантен кон националната културна програма, со што се обидувал да постигне политичка неутрализација. Во такви околности, се појавил план за создавање на збирка на словенечки литературни текстови , наменета за национално освестување и образование. Првиот ваков обид, научното списание „Славиња“, било забрането од државната цензура.

Создавачите на „Крањнската Пчела“ имале повеќе среќа, бидејќи поезијата не изгледала толку опасна за режимот како научните написи. Првите четири тома, всушност, немале сериозни проблеми со цензурата.

Јадрото на првото издание го претставувале: Франце Прешерен, Јакоб Зупан, Јуриј Космач и Миха Кастелич.

На 8 јануари 1830 година, Кастелич побарал од гувернерот на Љубjана да го испечати првиот том. Барањето било разгледано на состанок на 14 јануари 1830 година и било утврдено дека треба да биде испратено до судската полиција и канцеларијата за цензура. Писмото за препорака било напишано следниот ден, но авторите Крањнската Пчела го испратиле дури петнаесет дена подоцна. На 21 јануари, Матија Чоп, испратил писмо до цензоро Јернеј Копитар.Копитар дозволил печатење, кое завршило на 30 април 1830 година. Првиот том бил објавен во 600 примероци и предизвикал интерес кај словенечките интелектуалци, што била и целта. Првиот том е отпечатен во Бохоричица[3].

Крањнска Пчела успеала да го распространи словенечкиот јазик меѓу населението, истиснувајќи го германскиот кој бил во званична и државна употреба. По објавувањето на последниот том, во Словенија веќе имало повеќе публикации со разновидна содржина на словенечки јазик, поезија, вести и друго, па затоа понатамошни изданија не биле потребни[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]