Крајслер (зграда)
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Chrysler Building (транс. Крајслер Билдинг) е облакодер во ар деко стил, сместена на источната страна на Менхетн во Тртл беј ареата во пресекот на 42та Улица и авенијата Лексингтон. Таа е висока 319,5 метри и 11 месеци беше највисоката зграда сè додека местото не го зазема Емпаер Стејт Билдинг во 1931 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Првобитно изградена за Крајслер Корпорацијата, зградата сега е во сопственост на корпорацијата TMW Real Estate(75%) и Tishman Speyer Properties(25%). Крајслер зградата е првиот објект во светот што ја поминал висината од 1000 стапки(305 метри). Засега е на третото место по висина во Њујорк. Зградата ја проектирал архитектот Вилијам Ван Ален(1883-1954). Нејзината стеснета купола од челик што нерѓосува остава впечатлива слика на небото над Менхетн. Голем дел од нејзините футуристички украси биле определени од нејзиниот сопственик Волтер П. Крајслер.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Зградата Крајслер во 1932 г.
- Детаљ од ар деко стил на покривот.
- Зградата Крајслер и источниот дел на Среден Менхетн.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|