Крајбрежна црвена секвоја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крајбрежната црвена секвоја (латински: Sequoia sempervirens) е вид на дрво од фамилијата Cupressaceae. Овој вид е единствениот жив вид од родот Sequoia. Крајбрежната црвена секвоја е иглолисно дрво со потекло од Северна Америка, каде денес расте во западните делови на САД.