Крајбрежна стража (филм од 2002)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Крајбрежна стража (корејски: 해안선) - јужнокорејски филм од 2002 година, во режија на Ки-дук Ким, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Донг-ган Џанг, Јеонг-хак Ким, Џи-а Парк и Хае-џин Ју. На Филмскиот фестивал во Карлови Вари, филмот освоил три награди, меѓу кои и наградата на филмските критичари, ФИПРЕСЦИ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Околу брегот на Јужна Кореја е поставена бодликава жица заради одбрана од шпиуните. Притоа, според воените прописи, секој што ќе се појави на морскиот брег ќе се смета за шпиун и војниците го убиваат. Наспроти забраната, младите луѓе се собираат на брегот, се дружат и се опиваат. За време на ноќната стража, војниците Канг и Ким се караат со група млади луѓе. Неколку ноќи подоцна, младите повторно се собрани на брегот, а едно момче оди во забранетото подрачје, заедно со неговата девојка. Тогаш, Канг го убива момчето и добива наградно отсуство од седум дена. Меѓутоа, овој несреќен настан остава длабока трага врз Канг и врз девојката на убиеното момче.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]