Краток филм за љубовта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Краток филм за убивањето (полски: Krótki film o milosci) - полски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Писјевич. Главните улоги ги играат: Олаф Лубашенко, Гражина Шаполовска, Пјотр Махалица, Стефанија Ивинска, Артур Барцис и Малгоржата Рожњатовска.

Содржина[уреди | уреди извор]

Младото момче Томек (го игра Лубашенко) работи во поштата, а живее како потстанар кај постара жена (ја игра Ивинска). Тој ја набљудува убавата Магда (ја игра Шаполовска) која живее во зградата спроти неговата, а исто така, прави разни обиди за да биде во нејзината близина: се вработува како разнесувач на млеко, ѝ праќа лажни покани за прием на пари во поштата, итн. Еднаш, тој ѝ кажува дека подолго време ја следи, а таа намерно го повикува својот љубовник (го игра Махалица) во станот, со намера да го иритира Томек. Притоа, Магда му кажува на љубовникот за воајерот и тој го тепа Томек. Сепак, Томек не се откажува и ја кани Магда да излезат во ресторан, искажувајќи ја својата невина љубов кон неа. Потоа, таа го прима во својот стан, каде сексуално го заведува. Неискусниот Томек доживува прерана ејакулација и засрамен бега дома, каде се обидува да изврши самоубиство, сечејќи ги вените на рацете. Дури тогаш, Магда станува свесна за искрениет чувства на Томек и го посетува во неговата соба.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]