Крапински човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крапински прачовек)
Реконструкција на крапински луѓе во месноста Хушњаково

Крапински човек или крапински прачовек — вид на праисториски човек, припадник на видот неандерталци. Наречен е „крапински“ бидејќи коски на овој вид се најдени во наоѓалиштето Хушњаково кај градот Крапина, северна Хрватска.

Во 1899 година, група загрепски научници на чело со познатиот геолог, зоолог и палеонтрополог Драгутин Горјановиќ - Кранбергер, откриле коски, заби и орудие на пралуѓето на подрачјето на Крапина. Научниот свет бил изненаден од вредните наоди, а во своето дело „Дилувијалниот човек од Крапина во Хрватска“, Горјановиќ - Крамбергер го раздвижил од мртва точка потеклото и настанувањето на човекот, затоа што наодите во Крапина биле значаен доказ за вистинската Дарвинова теорија на еволуцијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]