Кралство Кастилја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Кастилја
Reino de Castilla

 

1035–1230  

Знаме Грб
Карта на Кралството Кастилја во 1210 г.
Главен град Бургос и Толедо
Јазици шпански (кастилјски, леонски,[1] и галициски); баскиски; и арапски
Вероисповед Христијанство (католичко), Ислам и Јудаизам.
Уредување монархија
Историски период Среден век
 -  Фернандо I станува прв крал на Кастилја 1035
 -  Родриго станува прв гроф од Кастилја 850
 -  Грофот Фернан Гонзалез ја обединува Грофовијата Кастилја 931
 -  Кастилја станува кралство 1035
 -  Здружување со Леон 1230

Кралството Кастилја (шпан. Reino de Castilla) било едно од средновековните кралства на Пиринејскиот Полуостров. Се создало во текот на IX век, најпрво како вазалски посед под Кралството Леон. Името доаѓа поради големиот број замоци (шпан. castile) што биле градени во тој регион. Подоцна Кралството Кастилја заедно со соседните кралства учествувало во создавањето на Шпанија.

До 1230 имало постојан ривалитет помеѓу Кастилја и Леон, особено што поради браковите помеѓу монарсите на двете кралства често пати продуцирале и борби за превласт помеѓу наследниците. Во 1230. Фернандо III од Кастилја го наследил кралството Леон од татко му Алфонсо IX, а Кастилја од мајка му Беренгуела од Кастилја уште во 1217. Со тоа, преку личен сојуз тој ги обединил двете кралства, а освоил и други соседни територии и ја зацрврстил државата под името Кастилјска круна.

Во 1469 кралицата Изабела I од Кастилја склучила брак со Фердинанд II од Арагон и со тоа започнало обединувањето на тие две кралства во заедничка држава која го добила името „Хиспанија“ според античкото римско име за Пиринејскиот Полуостров.

Видете и[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "El Dialecto Leonés" (Menéndez Pidal, 1906)

Надворешни врски[уреди]