Кралство Канди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Канди
මහනුවර රාජධානිය (на синхалски)
Mahanuwara Rajadhaniya
கண்டி இராச்சியம் (на тамилски)
Знаме
Местоположба на
Главен градКанди
Уредување Монархија

Кралството Канди ― монархија на островот Шри Ланка, сместено во средишниот и источниот дел од островот. Основано е кон крајот на 15 век и опстоило до почетокот на 19 век. [1]

Кралството Канди прво било вазално кралство на Кралството Коте, но во текот на 16-тиот и 17-тиот век постепено прераснало независна сила, и во различни периоди за да го обезбеди својот опстанок склучувало сојуз со Кралството Јафна, династијата Мадураи Најак од Јужна Индија, Кралството Ситавака и холандските колонизатори.[2]

Од 1590-тите, Кралството Канди била единствена независна домородна држава на островот Шри Ланка и преку комбинација на воена тактика „удри и бегај“ и дипломатија ги ограничило европските колонијални сили на крајбрежјето, пред конечно да потпадне под британска колонијална власт во 1818 година.

Кралството по Кандијската конвенција од 1815 година како протекторат било апсорбирано во Британската Империја, а својата автономија дефинитивно ја изгубило по Востанието од Ува во 1817 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Johnston, William M. (2013-12-04). Encyclopedia of Monasticism (англиски). Routledge. стр. 707. ISBN 9781136787164.
  2. Enemy lines: childhood, warfare, and play in Batticaloa, Page 40, Author:Margaret Trawick, Publisher: University of California Press, 2007, ISBN 978-0-520-24516-7

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Sri Lanka topics