Кралство Куско

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кралството Куско)
Кралство Куско
Curacazgo Inca

1197 – 1438
Местоположба на Кралство Куско
Карта на кралството Куско.
Главен град Куско
(1197-1438)
Јазици кечуански јазик, пукина јазик.
Вероисповед Инкска религија
Уредување Монархија
Сапа Инка
 -  1200-1230 Манко Капак
 -  1230-1260 Синчи Рока
 -  1260-1290 Локе Јупанки
 -  1290-1320 Мајта Капак
 -  1320-1350 Капак Јупанки
 -  1350-1380 Инка Рока
 -  1380-1410 Јахуар Хуакак
 -  1410-1438 Виракоча
Историски период пред-колумбиски
 -  Манко Капак го оформил кралството 1197
 -  Пачакутек го основал Тавантинсију 1438
Површина 40000 км²

Кралството Куско било мало кралство на Андите во Јужна Америка, денес Перу. Кралството на почетокот било град-држава основана од Инките во 12 век. Низ следните векови, или преку војна или преку мировни договори, кралството започнало да се проширува и се создала познатата Империја на Инките.

Историја[уреди | уреди извор]

Кралството Куско.

Своите организирани цивилизациски почетоци Инките ги бележат во 12 век. Под водство на Манко Капак, тие создале мала град-држава Куско, денес во државата Перу во Јужна Америка. Во 1438 година, под водство на Сапа Инка Пачакутек започнал со проширување на територијата на кралството. Територијата што ја освоил денес се споредува со тринаесетте колонии кои ги создале САД во 1776 година. Таа територија ги опфаќала во голем дел Андите.

Подоцна, Пачакутек го реорганизирал кралството во империја позната како Тавантинсују. Новата империја била од федерален систем со Сапа Инка како водач на истата. Под него биле управителите на четирите покраини од кои била создадена империјата: Чинчасују, Антисују, Контисују и Коласују.

Сапа Инки[уреди | уреди извор]

Манко Капак.

Прва династија[уреди | уреди извор]

Во историјата малку се знае за првата династија Сапа Инки. Нивното владеење започнало со Хурин и опсегот на владеење не се проширил надвор од границите на Кралството Куско. Нивното потекло е тесно сврзано со митското основање на Куско. Династијата била основана од Манко Капак, кој се сметал за син на богот на сонцето и негови наследници се: Синчи Рока, Локе Јупанки, Мајта Капак и Капак Јупанки. Како репутација на Сапа Инките, наредните владетели се именувале како „капак“ или воен водач и „синчи“ или водач. Како почеток на династијата се смета 1200 година.

Втора династија[уреди | уреди извор]

Втората династија владеела со Тавантинсују, и не е дел од управувачката структура на Кралството Куско.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • (шпански) María Rostworowski. Enciclopedia Temática del Perú: Incas. Lima: El Comercio S.A., 2004.
  • (шпански) Editorial Sol 90. Historia Universal 5: América precolombina. Barcelona, España, 2002.
  • (англиски) Bushnell. Peru, Ancient people and places.
  • (англиски) MacQuarrie, Kim. The Last Days of the Incas. Simon & Schuster, 2007. ISBN 978-0-7432-6049-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]