Кралска академија на науките (Шведска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралска академија на науките
Kungliga Vetenskapsakademien
Геслоatt främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället
(да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството)
Основана2 јуни 1739
СедиштеСтокхолм, Шведска
Членство1600 академици
175 странски членови
ПретседателСванте Линдквист
Постојан секретарСтафан Нормарк
Мреж. местоkva.se
Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм

Кралска академија на науките (шведски: Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.

Академијата е основана на 2 јуни 1739 г. од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]

Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано во 1719 г.), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, каде што биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.

Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:

и државни награди:[7]

Пишани изданија[уреди | уреди извор]

Kongl. Svenska Vetenskaps-Academiens handlingar, том XI (1750).

Ова се тековните научни списанија на академијата:

  • Ambio (1972-)
  • Acta Mathematica (1882-)
  • Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
  • Acta Zoologica (1920-)
  • Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
  • Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
  • Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
  • Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
  • ETAI (1997-)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Пресконференција во салата за седници на академијата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „History“. The Royal Swedish Academy of Sciences. Посетено на 18 октомври 2009.
  2. „Нобелови награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2010-01-21. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
  3. „Нобелова награда за економски науки“. Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
  4. „Крафордова награда“. Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
  5. „Ролф Шокови награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2013-01-31. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
  6. „Награда „Грегори Арминоф". Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
  7. „Национални награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 18 октомври 2007. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]