Прејди на содржината

Кралот на шаманите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралот на шаманите
Корицата на првиот том, вклучувајќи го Јо Асакура
シャーマンキング
(Шаман кингу)
Жанр
  • авантура[1]
  • натприродно
Манга
АвторХиројуки Такеи
Издавач
Англиски издавач
Импринт
  • Jump Comics
  • (оригинално издание)
  • Magazine Edge KC
  • (издание на Kodansha)
СписаниеWeekly Shоnen Jump
Оригинално прикажување 30 јуни 1998 — 30 август 2004
Број на томови
  • 32 (оригинално издание)
  • 35 (издание на Kodansha)
Аниме-серија
РежисерСеиџи Мизушима
Продуцент
  • Фукаши Азума
  • Наоки Сасада
  • Такатоши Чино
СценаристКацухико Коиде
КомпозиторТошијуки Омори
СтудиоXebec
Давател на лиценца
МрежаTXN (TV Tokyo)
Англиска мрежа
Оригинално прикажување4 јули 2001 — 25 септември 2002
Епизоди64
Манга
Funbari Poem
АвторХиројуки Такэи
ИздавачShueisha
Англиски издавач
  • АВС: Madman Entertainment
  • СА:
    • Viz Media
    • (поранешен)
    • Kodansha USA
    • (тековен)
СписаниеAkamaru Jump
Оригинално прикажување 15 јуни 2003 — 15 септември 2004
Аниме-серија
РежисерЏоџи Фурута
СценаристШоџи Јонемура
КомпозиторЈуки Хајаши
СтудиоBridge
Давател на лиценцаNetflix (права за пренос)
МрежаTXN (TV Tokyo)
Оригинално прикажување1 април 2021 — 21 април 2022
Епизоди52
Поврзана манга
Икона за портал Портал: „Аниме и манга“

Кралот на шаманите (јап. シャーマンキング Шаман кингу; англ. Shaman King) — манга на Хиројуки Такеи, која излегувала од 1998 до 2004 г. во списанието Weekly Shonen Jump, како и нејзината аниме-адаптација, создадена од студиото Xebec во соработка со TV Tokyo. Според делото излегле многу видеоигри, игра со колекционерски карти и разновидни реквизити. Издавачката куќа Shueisha првично ја издала мангата во 32 тома, во кои приказната останала незавршена, но во текот на Jump Festa 2008 било објавено ново издание канзембан на целата серија.

Новата верзија — Shaman King Kanzen-Ban — излегла во 27 тома, вклучувајќи дополнителни глави и завршеток на заплетот на целата приказна. Исто така, за Shaman King Kanzen-Ban биле прецртани многу кадри од претходно издадените глави во подобрена графика без промена на заплетот.

Содржина

[уреди | уреди извор]

На секои 500 години, Ѕвездата на Судбината, Лаго, проаѓа низ небото, известувајќи ги сите шамани во светот дека започнал Големиот турнир на шаманите. Ѕвездата на Судбината секогаш е придружувана од Раго — ѕвезда што му носи уништување и хаос на светот. Шаманите се способни да гледаат духови и да се борат заедно со нив како едно целина. Целта на Турнирот е да се поминат сите испитувања и борби и да се стане кралот на шаманите, обединувајќи се со Духовниот Крал — најголемиот и најсилниот дух во светот. Добивајќи ја моќта на духовниот крал, шаманот станува толку моќен што може да управува со целиот живот на Земјата.

Главниот лик Јо, од родот Асакура, мора да стане кралот на шаманите и да ја спречи претстојната несреќа. Јо брзо си наоѓа пријатели што исто така се шамани, како и обичниот младич Морти, кој му станува најдобар пријател. За да ја поминат квалификациската фаза на „Турнирот на шаманите“, тие мораат да им зададат по еден удар на членовите на советот во борба за правото да се борат за титулата кралот на шаманите.

Јо и сите негови пријатели успешно ја минуваат оваа рунда и добиваат мобилен оракул. Тој ги известува шаманите за информациите околу борбите, на пример, за местото на одржување на борбата и за противникот. По извесно време, Јо дознава за својот брат близнак — Хао Асакура. Веќе третпат по ред, Хаo, древен шаман, телепат и гатач, сонува да победи на Турнирот. Неговата цел е да го уништи човештвото, бидејќи смета дека човештвото ја уништува планетата. Тој верува дека само Шаманското Кралство, создадено и управувано од него, ќе постои во склад и согласност со природата. Тој веќе бил победен двапати — пред 1000 (во родот Асакура) и пред 500 (племето Пачи) години, со огромни напори. Секојпат кога се прераѓа, стапува сѐ посилен и помоќен, па сѐ потешко е да се справи човек со него. Овој пат се преродил во древната шаманска династија Асакура, што потекнува од неговото првично прераѓање, и само неговиот брат близнак Јо со духот Амидамару имаат шанса да му се спротивстават.

Издавачката куќа Shueisha првично ја издала мангата во 32 тома, во кои приказната останала незавршена, но во текот на Jump Festa 2008 било објавено ново издание канзембан на целата серија. Новата верзија — Shaman King Kanzen-Ban — излегла во 27 тома, вклучувајќи дополнителни глави и завршеток на заплетот на целата приказна. Исто така, за Shaman King Kanzen-Ban биле прецртани многу кадри од претходно издадените глави во подобрена графика без промена на заплетот.

Од 4 јули 2001 до 25 септември 2002 г., на телеканалите TV Tokyo и Animax се прикажувала аниме-серијата. Производството на серијата било доверено на студиото Xebec, под водство на режисерот Сеиџи Мизушима, по сценариото на Кацухико Коиде. За ликовниот дизајн бил задолжен Акио Таками, а главен уметник бил Тошихиса Којама. Музичката придружба ја напишале Тошијуки Омори и Го Такахаши.

На 12 јуни 2020 г. била најавена обнова на аниме-серијата, која претставувала целосна адаптација на изворните заплети на мангата. Серијата започнала да се прикажува од 1 април 2021 г. и целосно завршила на 21 април 2022 г. со 52 епизоди.

Почетни теми (јапонска верзија)

[уреди | уреди извор]
# Изворен наслов Романизација Изведувач Епизоди
1 Over Soul (n/a) Мегуми Хајашибара 1 — 34
2 Northern Lights (n/a) Мегуми Хајашибара 35 — 64

Завршни теми (јапонска верзија)

[уреди | уреди извор]
# Изворен наслов Романизација Изведувач Епизоди
1 Trust You (n/a) Мегуми Хајашибара 1 — 34
2 面影 Omokage, Reminiscent Мегуми Хајашибара 35 — 63
3 魂かさねて Tamashii Kasanete, Souls Overlap Јуко Сато 64


  1. ↑ „Official Website for Shaman King“. Viz Media. Архивирано од изворникот на September 26, 2016.
  2. ↑ „Fox Kids Europe adds three new shows“. Digital Spy. 28 August 2003. Архивирано од изворникот April 7, 2019. Посетено на December 15, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]