Кралот на скорпиите
„Кралот на скорпиите“ | |
---|---|
![]() ДВД-издание на македонски јазик | |
Режисер | Чак Расел |
Продуцент | Стивен Сомерс Џејмс Џекс Кевин Мишер Шон Даниел |
Сценарист | Сценарио: Стивен Сомерс Вилијам Озборн Дејвид Хејтер Приказна: Џонатан Хејлс Стивен Сомерс |
Главни улоги | Двејн Џонсон Кели Ху Стивен Бренд Бернард Хил Мајкл Кларк Данкан Грант Хеслов |
Музика | Џон Дебни |
Кинематографија | Џон Р. Леонети |
Монтажа | Грег Парсонс Мајкл Троник |
Студио |
|
Дистрибутер | Universal Pictures |
Премиера | 19 април 2002 г. |
Времетраење | 93 минути |
Земја | ![]() ![]() |
Јазик |
|
Буџет | 60 милиони долари |
Бруто заработка | 180,6 милиони долари |
Претходен | Враќањето на мумијата |
Следен | The Scorpion King 2: Rise of a Warrior |
Кралот на скорпиите (англиски: The Scorpion King) — американски акционен авантуристички филм од 2002 г. во режија на Чак Расел и со Двејн Џонсон, Стивен Бренд, Кели Ху, Грант Хеслов и Мајкл Кларк Данкан во главните улоги. Тоа е и предисторија и спиноф на франшизата „Мумија“, со која започнала серијата филмови „Кралот на скорпиите“. Овој филм ја означува првата улога во филмската кариера на Двејн Џонсон. Кралот на скорпиите добил мешани одзиви и заработил 180 милиони долари ширум светот наспроти продукцискиот буџет од 60 милиони долари.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во древноста, пред пирамидите, злобниот крал Мемнон ги користи психичките моќи на неговата волшебничка Касандра за да ги претскаже своите големи победи. Во последниот обид да го спречат Мемнон да го преземе светот, водачите на преостанатите слободни племиња го најмуваат убиецот Матајус да ја убие волшебничката. Но Матајус на крајот добива многу повеќе отколку што се пазарел. Сега, со помош на коњокрадецот Арпид, племенскиот водач Балтазар и неочекуван сојузник, останува на Матајус да ја исполни својата судбина и да стане големиот крал на скорпиите.
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумец | Улога |
---|---|
Двејн Џонсон | Матајус / кралот на скорпиите |
Стивен Бренд | Мемнон |
Мајкл Кларк Данкан | Балтазар |
Кели Ху | Касандра |
Бернард Хил | Филос |
Грант Хеслов | коњокрадецот Арпид |
Ралф Мелер | Торак |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Scorpion King“. British Film Institute. Архивирано од изворникот на 5 February 2021. Посетено на December 22, 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кралот на скорпиите на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)