Прејди на содржината

Кралот и јас (филм од 1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кралот и јас“ (англиски: The King and I) - американски филм од 1956 година, во режија на Валтер Ланг (Walter Lang), според сценариото на Фред Фрејбергер (Fred Freiberger), Вилијам Танберг (William Tunberg) и Френк Фентон (Frank Fenton). Главните улоги ги граат: Дебора Кер (Deborah Kerr), Јул Бринер (Yul Brynner), Рита Морено (Rita Moreno), Мартин Бенсон (Martin Benson), Карлос Ривас (Carlos Rivas), Патрик Адиарте (Patrick Adiarte), Рекс Томпсон (Rex Thompson) итн. Филмот бил голем хит благодарение на филмските ѕвезди Јул Бринер (кој осовил „Оскар“ за својата улога) и Дебора Кер (која била номинирана за „Оскар“). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во девет категории, а победил во пет.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во 1882 година, вдовицата Ана Леонвенс со својот син Луис доаѓа во Бангкок, каде ја чека работа како гувернанта на сијамскиот крал (го игра Бринер). Иако ѝ била ветена посебна куќа во која ќе живее со синот, поради недоразбирање, таа е сместена во кралската палата. На почетокот, таа не е задоволна, но подоцна се согласува, откако ги запознава децата на кралот. Набрзо, Ана почнува да ги подучува и жените на кралот и да ја теши несреќната Туптим, која му е подарена на кралот, но е вљубена во друг маж. За време на престојот на кралскиот двор, Ана му се спротивставува на кралот и наскоро ја освојува неговата доверба. Кога кралот ќе дознае дека кралицата Викторија го смета за дивјак, со помош на Ана, тој приредува прием за англискиот амбасадор. Приемот е успешен и кралот и Ана го слават успехот, но тогаш дознаваат дека Туптим е заробена а нејзиниот сакан Лун Та е убиен...[2]