Крал на Саудиска Арабија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крал of Саудиска Арабија
ملك المملكة العربية السعودية


ЗвањеЧувар на
Двете свети џамии
ПрестолонаследникМукрин
Прв владетелАбдулазиз
Основање22 септември 1932
СедиштеКралски дворец, Ријад[1]

Крал на Саудиска Арабијаапсолутен монарх на Саудиска Арабија и старешина на династијата Сауд. Го носи звањето Чувар на Двете Свети Џамии (خادم الحرمين الشريفين), што се однесува на старателството врз Светата џамија (Месџид ел-Харам) во Мека и Џамијата на Пророкот (Месџид ел-Небеви) во Медина — воведено во 1986 г. наместо дотогашната „Неговото Величество“.

Историја[уреди | уреди извор]

Кралот Абдулазиз (ибн Сауд) почнал да ја освојува денешна Саудиска Арабија во 1902 г. со враќањето на семејната надлежност како емири на Ријад. Потоа продолжил со освојвуање на Неџд (1922), а потоа Хиџаз (1925). Звањето гласело „Султан на Неџд“, подоцна сменето во „Крал на Хиџаз и Неџд“, за во 1932 г. да го добие денешното.

Наследување[уреди | уреди извор]

По смртта на Абдулазиз, сите досегашни владетели се негови синови како наследници. Овој систем се разликува од западните монархии, каде наследувањето оди по син наспроти брат.

Други функции[уреди | уреди извор]

Покрај владетел и старешина на династијата, кралот има улога и на премиер на државата, при што вицепремиер е престолонаследникот. Следниот на списокот по престолонаследникот ја има функцијата „втор вицепремиер“.

Кралеви на Саудиска Арабија (1932–)[уреди | уреди извор]

Име
Животен век
Стапил
Отстапил
Белешки
Династија
Слика
Абдулазиз
  • ибн Сауд
  • عبد العزيز
26 ноември 1876(1876-11-26) – 9 ноември 1953(1953-11-09) (возр. 76) 22 септември 1932 9 ноември 1953 Сауд
Сауд
  • سعود
12 јануари 1902(1902-01-12) – 23 февруари 1969(1969-02-23) (возр. 67) 9 ноември 1953 2 ноември 1964
(тргнат)
Сауд Сауд
Фејсал
  • فيصل
април 1906 – 25 март 1975
(воз. 68)
2 ноември 1964 25 март 1975
(убиен)
Сауд Фејсал
Халид
  • خالد
13 февруари 1913(1913-02-13) – 13 јуни 1982(1982-06-13) (возр. 69) 25 март 1975 13 јуни 1982 Сауд Халид
Фахд
  • فهد
16 март 1921(1921-03-16) – 1 август 2005(2005-08-01) (возр. 84) 13 јуни 1982 1 август 2005 Сауд Фахд
Абдула
  • عبد الله
1 август 1924(1924-08-01) – 23 јануари 2015(2015-01-23) (возр. 90) 1 август 2005 23 јануари 2015 Сауд Абдула
Салман
  • سلمان
31 декември 1935(1935-12-31)(88 г.) 23 јануари 2015 на власт Сауд Салман

Тековни престолонаследници[уреди | уреди извор]

Хронологија[уреди | уреди извор]

Салман бин АбдулазизАбдула бин АбдулазизФахд бин АбдулазизХалид бин АбдулазизФејсал бин АбдулазизСауд бин АбдулазизАбдулазиз ибн Сауд

Кралски стандард[уреди | уреди извор]

Кралски стандард

Кралскиот стандард се состои од зелено знаме со натпис, бела сабја и државниот амблем со златна во долниот десен кантон.

Натписот е шехадетот, односно сведочењето за верата, напишано со букви во стилот сулус:

لَا إِلٰهَ إِلَّا الله مُحَمَّدٌ رَسُولُ الله
лā ʾилāхa ʾиллā-ллāх, мухамедун расȳлу-ллāх
Нема друг бог освен Бог и Мухамед е Неговиот пратеник.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kings of the World – Rich Living Monarchs and their Royal Residences“. Архивирано од изворникот на 2016-01-13. Посетено на 2015-01-26.
  2. „About Saudi Arabia: Facts and figures“. The Royal Embassy of Saudi Arabia, Washington D.C. Архивирано од изворникот на 2012-04-17. Посетено на 24 April 2012.