Прејди на содржината

Кражба во Лувр (2025)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кражба во Лувр
Галеријата „Аполон“ во 2024 г.
Датум19 октомври 2025 (2025-10-19)
Времеок.09:30 (CEST)
Одржувалиштемузеј Лувр
МестоПариз, Франција
Видкражба на накит
Украдена вредност88 милиони евра

На 19 октомври 2025 г., крадци преоблечени како градежни работници украле осум парчиња од францускиот кралски накит (крунски скапоцености) со проценета вредност од 88 милиони евра од Галеријата Аполон во музејот Лувр во Париз, Франција.

Кражбата траела помалку од осум минути, од кои крадците поминале само четири минути во самиот музеј, и се случил за време на редовното работно време. Тоа била првата кражба на уметнички дела од Лувр од кражбата на сликата „Патот кон Севр“ (фр. Le chemin de Sèvres) во 1998 г.[1][2]

Кражбата се случила околу 9:30 часот претпладне (СЛВ), само 30 минути откако музејот бил отворен за посетители. Крадците пристигнале до зградата и влегле од страната на реката Сена, носејќи со себе алати. Тие биле преоблечени во жолти и портокалови елеци, маскирајќи се како градежни работници.

Двајца од членовите на екипата, со лица скриени под фантомки, се искачиле до балконот на првиот кат на јужната страна од зградата користејќи мебелна дигалка. Оваа дигалка, поставена на возило, често се користи во Париз за пренесување мебел преку прозорци на горните катови.

Откако се пробиле со платформата на дигалката, користеле аголна брусилка за да пресечат стаклен прозорец и да влезат во Галеријата Аполон, при што ги активирале безбедносните аларми. Потоа, им се заканиле на чуварите со своите алати и одзеле девет парчиња од два стаклени изложбени сандаци.

Крадците го напуштиле музејот спуштајќи се по скалите на дигалката до другите двајца членови на екипата, кои ги чекале на мотоцикли. Додека бегале, ја испуштиле круната на царицата Евгенија на улица, со што нивниот плен се намалил на осум предмети.

Се обиделе да ја запалат платформата на мебелната дигалка пред да побегнат, но еден вработен во музејот го спречил тоа. Крадците потоа побегнале по брегот на Сена до булеварот Периферик, а оттаму се упатиле кон автопатот А6 на југ.[3][4]

Целата кражба траела нешто помалку од осум минути, од кои крадците поминале само четири минути во внатрешноста на зградата по пресекувањето на прозорецот.[5]

  1. Schofield, Hugh (19 октомври 2025). „How common are thefts from the Louvre?“. BBC News (англиски). Посетено на 19 октомври 2025.
  2. „Police hunt Louvre jewel thieves as questions swirl over museum's security“. The Washington Post. 20 октомври 2025. Посетено на 20 октомври 2025.
  3. Décugis, Jean-Michel (19 октомври 2025). „Le musée du Louvre cible d'un braquage ce dimanche, des bijoux dérobés“ [Louvre Museum targeted in a robbery on Sunday, jewellery stolen]. Le Parisien. Архивирано од изворникот 19 октомври 2025.
  4. „Cambriolage au musée du Louvre : les quatre suspects toujours poursuivis“ [Louvre burglary: four suspects still sought]. Franceinfo. 21 октомври 2025.
  5. Atkinson, Emily (22 октомври 2025). „It took fewer than eight minutes for the robbery to unfold - here's how“. BBC News (англиски). Архивирано од изворникот на 22 октомври 2025. Посетено на 22 октомври 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]