Краишта во Шведска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Краеви на Шведска)
Трите краишта во Шведска

Краиштата во Шведска (швед. landsdelar, „делови од земјата“) се историски делови од Шведска кои денес претставуваат три целини од покраини. Тие не се сметаат за административни единици и немаат никаква управна функција. Најчесто се среќаваат во временска прогноза карти бидејќи се сметаат за метеоролошки целини. Имињата им се присутни како дел од називите на статистички области.[1]

Четвртиот традиционален крај на Шведска е Естерланд (Österland). Крајот бил составен дел од Шведска, но во 1809 бил припоен кон Русија како Големо кнежевство Финска, за во 1917 да стане независна држава - Финска.

Краишта[уреди | уреди извор]

  • Јеталанд (Götaland) е јужниот и најгусто населен дел од земјата. Составен е од десет покраини
  • Свеаланд (Svealand) е средишниот дел, и го носи името на т.н. „изворна Шведска“. Ова е најмалиот крај и се состои од шест покраини
  • Норланд (Norrland) е северниот дел, кој е најголем и зафаќа 60% од земјата. Има девет покраини.
Крај Население
(2005)
Површина
(км²)
Бр. на покраини Покраини
Јеталанд 4.351.658 97.841 10 Сканија, Блекинге, Халанд, Смоланд, Еланд, Готланд, Естерјетланд, Вестерјетланд, Далсланд и Бохуслен
Свеаланд 3.539.944 91.098 6 Седерманланд, Упланд, Вестманланд, Нерке, Вермланд и Даларна
Норланд 1.156.150 261.292 9 Јестрикланд, Хелсингланд, Херједален, Јемтланд, Меделпад, Онгерманланд, Вестерботен, Норботен и Лапонија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]