Краан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Краан е германски бенд со седиште во Улм и формиран во 1970 година. Бендот имал неколку мали хитови низ 1970-тите и 1980-тите. По пауза од десет години, групата повторно се обединила во 2000 година. Нивниот ран стил може да се опише како Краутрок, кој подоцна се претвори во фузија, комбинирајќи елементи на рок и џез. Музичари кои моментално се наоѓаат во бендот се: Петер Волбрант (свири на гитара и е член на бендот од 1970 година), Хелмут Хатлер (свири на бас гитара, член на бендот од 1970 година) и Јан Фриде (свири на тапани,бил член на бендот од 1970 од 1978 година, па подоцна пак му се приклучил на бендот во 1984 година).