Коџа Дере (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коџа Дере
Μέγα Ρέμα / Κοτζά Ντερέ
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКукушко, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПајак
 • координати41°04′02″ N; 22°17′39″ E / 41.0673° СГШ; 22.2942° ИГД / 41.0673; 22.2942
Устие 
 • место
Вардар (Циганска Клисура)
 • координати
41°00′58″ N; 22°32′22″ E / 41.0162° СГШ; 22.5395° ИГД / 41.0162; 22.5395Координати: 41°00′58″ N; 22°32′22″ E / 41.0162° СГШ; 22.5395° ИГД / 41.0162; 22.5395
Должина30 км
Особености на сливот

Коџа Дере (грчки: Μέγα Ρέμα, Мега Рема или Κοτζά Ντερέ; мегленовлашки: Trap di Genes, турски: Kocadere) — река во Кукушко, Егејска Македонија. Извира од планината Пајак и се тече по убави мешани листопадни шуми пред да се влее во најголемата македонска река — Вардар.[1][1]

Местоположение[уреди | уреди извор]

Реката извира од северните северните падини на Пајак, на границата меѓу Кукушко и Меглен, па оди на исток низ Кукушко, минувајќи јужно од с. Купа, каде прави убави водопади. Потоа свртува на југоисток и стасува до вештачкото Рудничко Езеро (Лимни Металиу). Одовде минува на север од с. Извор и постепено се завива на североисток, па по низа меандри се влева во Вардар кај Циганската Клисура, северозападно од с. Ореовица. Има вкупна должина од околу 30 км.[1]

Коџа Дере е брза и постојано полноводна река која се движи меѓу стрмни падини, така правејќи меандри. По течението, по падините на Пајак, се среќаваат растурени рушевини од мостовите на старата железница „Коџадерска дековилка“ по која возовите ги опслужувале сребрените рудници близу Љумница.[1]

Слив[уреди | уреди извор]

→ лева притока, ← десна притока

  • → Извор (Вали ди Извори)
  • ← Казанџи Дере
  • ← Вале Рати
  • ← Река (Вале Дулуни, Вели ди Река, Вати Рема)
  • ← Бамби Дол
  • → Курт (Бостанлак)
  • → Карамица
  • ← Студена Вада

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Μέγα Ρέμα (Κοτζά Ντερέ)“. Natura Graeca. Посетено на 31 март 2021.