Коњ (расказ на Рудницки)
Коњ - расказ на полскиот писател Адолф Рудницки.
Содржина
[уреди | уреди извор]Стариот кројач Јакуб Каган живее во едно мало место со својот син-единец Захарјаш кого, поради големата сила, го викаат „коњ“. Јакуб го воспитува синот да биде мирно момче кое ќе го наследи неговиот занает, но Захарјаш се дружи со некои момчиња кои не му се допаѓаат на Јакуб. Еднаш, полицијата го апси Захарјаш, го убива и неговот тело го фрла во Висла, прикажувајќи го како самоубиство. Сепак, кројачот го пронаоѓа телото и го погребува ноќе. Таа ноќ, пристигнуваат многу другари на Захарјаш за да му изразат последна почит и целиот град го покриваат со цвеќе во спомен на нивниот најдобар другар. И токму во мигот кога другарите запеале песна која Јакуб не ја знаел, тој наеднаш ја разбрал смислата не песната и заплакал.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Djorđe Živanović, „Adolf Rudnjicki“, во: Adolf Rudnjicki, Zlatni prozori. Beograd: Rad, 1961, стр. 123-124.