Коњско (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Коњско, Преспанско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коњско
Коњско 01.JPG

Поглед на Коњско

Коњско is located in Македонија
Коњско
Местоположба на Коњско во Македонија
Координати 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722Координати: 40°54′40″N 20°59′14″E / 40.91111° СГШ; 20.98722° ИГД / 40.91111; 20.98722
Општина Општина Ресен
Население 3 жит.
(поп. 2002)
Коњско на општинската карта
Коњско во Општина Ресен.svg

Атарот на Коњско во рамките на општината
Commons-logo.svg Коњско на Ризницата
Коњско во 1917 г.

Коњско — село во Општина Ресен, Преспанско, крај границата со Албанија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Коњско е село во Горна Преспа. Сместено е на брегот на полуостров на Преспанското Езеро. Од градот Ресен е одалечено 32 километри. Соседни села се Стење на северозапад и Туминец (Општина Пустец) на југозапад.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од нахијата Долна Преспа на Битолската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 60 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Коњско имало 16 Македонци, патријаршисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 3 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 60[1] 16[2] 632 662 600 480 517 434 289 3

Родови[уреди | уреди извор]

Коњско е македонско село.

Родови во селото се: Ѓоргијовци, Петревци и Тасевци.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
Археолошки наоѓалишта[7]
  • Старо Село — црква и некропола од среден век;
  • Голем Град — населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век;
  • Коњско — депо на монети од среден век;
  • Бљудо — населба, црква и некропола од среден век;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 242.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. 
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]