Кој го украде златниот мачор?

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кој го украде златниот мачор?“ (италијански: Chi ha rubato il gatto d'oro) — роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е петти дел од серијалот „Мачки детективи“, а првобитно била објавена во 2013 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.[1]

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Книгата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во Арс Ламина - публикации. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од илјада примероци. Таа има 120 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри, каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-929-7 (книгата).[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата има десет глави:[3]

  • Најмеките перници во Париз
  • Исчезнувањето на златниот мачор
  • Мустаќот на кралицата
  • Тајната на Одета
  • Марсејци за спасување
  • Мистериозниот мачор
  • Внимавај, Додо!
  • Фатен на дело
  • Кошмарен лајач
  • Виновникот е секогаш...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
  2. А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
  3. А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.