Којун баба-теќе
Изглед
| Којун баба-теќе | |
|---|---|
Поглед на теќето | |
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Локација | |
| Локација | Шипковско Теќе, Македонија |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | теќе |
| Стил | отоманска |
Којун баба-теќе — дервишко теќе во тетовското село Шипковско Теќе, во подножјето на планината Шара.
Теќето е дел од познатото тетовско Арабати баба-теќе.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Теќето се наоѓа во самото село Шипковско Теќе,[1] а во негова близина во 1948 година било подигнато детско одморалиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Теќето било најверојатно изградено во 1750-тите години од страна на дервишот Којун баба (или Куен). Основачот умрел во теќето и неговиот гроб се наоѓа таму. Околу теќето е создадено и историското село Шипковско Теќе.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 362-365.
