Којовец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Којовци)
Којовец
Kojavec
село
Којовец is located in Албанија
Којовец
Којовец
Координати: 41°26′22″N 20°25′18″E / 41.43944° СГШ; 20.42167° ИГД / 41.43944; 20.42167Координати: 41°26′22″N 20°25′18″E / 41.43944° СГШ; 20.42167° ИГД / 41.43944; 20.42167
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Острени
Надм. вис.&10000000000000890000000890 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Којовец или Којовци (албански: Kojavec или Kojaveci) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци-муслимани, а порано било со мешана вероисповед.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во македонската област Голо Брдо. Лежи во поречието на Окштунска Река, југоисточно од Смолник и северно од Лешничани. На североисток се наоѓа горското подрачје Рамна Гора.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Којувци (Coiuvtzi) било село со 20 домаќинства сочинети од 14 Македонци-муслимани (торбеши).[1][2]

По Првата балканска војна во 1912 г. Којовец влегол во состав на Албанија.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според истражувањата направени во XX век, родови од Којовец има во следниве населени места:

  • Гиновец, Голо Брдо: Којовци, православни[3]
  • Корошишта, Струшко: Којовец/Коевец, торбеши (21 куќа).[4] Кон крајот на 1970-тите биле 13 куќи.[5]
  • Џепиште, Дебарско: Гиновци, православни. Пребегале од Којовец.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173.
  3. 3,0 3,1 . Филиповиќ, Миленко. Голо Брдо. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  4. Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Корошишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  5. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.