Којник

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Којник (Велешка населба))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Којник е едно од најстарите и најпознатите маала на градот Велес. Се наоѓа на десната страна на реката Вардар високо на ридот Вршник. Во целост е населено само со Македонци. Препознатливо е по своите тесни и криви улички и високи убави куќи. Во рамките на Којник постои и мало пазарче. Од ова велешко маало потекнуваат македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин и македонскиот актер Петре Прличко. Во маалото се наоѓа родната куќа-музеј на Кочо Рацин.