Којанискаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Којанискаци“
Koyaanisqatsi poster.jpg
РежисерГодфреј Реџио
ПродуцентГодфреј Реџио
МузикаФилип Глас
КинематографијаРон Фрике
МонтажаАлтон Валпол
Рон Фрике
СтудиоInstitute for Regional Education
ДистрибутерIsland Alive
New Cinema (дистрибутер)
Премиера28 април 1982
Времетраење86 минути
ДржаваСАД
Буџет$2,5 милиони
Бруто заработка$3,2 милиони

Којанискаци (англиски: Koyaanisqatsi), познат и како Којанискаци: Живот надвор од рамнотежа — филм од 1982 во режија на Годфри Реџио со музика компонирана од страна на Филип Глас и кинематографија на Рон Фрике.

Филмот се состои главно од забавени и снимки во постепено забрзано развивање на различни пејсажи во САД. Визуелниот тонски поем не содржи никаков дијалог ниту воклано раскажување. Тонот е распределен по подреденоста на сликите и музиката. Реџио го објаснува недостигот на дијалог преку следната изјава: „Овој филм нема јазик не поради недостигот од љубов кон него туку поради тоа што од моја гледна точка, јазикот е во состојба на масовно понижување и омаловажување. Тој повеќе не го опишува светот во кој што живееме“."[1] Значењето на зборот Којанискаци (Koyaanisqatsi) во превод од јазикот Хопи значи „живот надвор од рамнотежа“.[2] Овој филм е прв од трилогијата Каци. Другите два филмови од оваа трилогија се Повакаци (1988) и Накојкаци (2002). Трилогијата ги отсликува различните аспекти во врската помеѓу луѓето, природата и технологијата. Којанискаци е најпознат филм од трилогијата и се смета за култен филм. Сепак, поради проблеми во авторските права, филмот бил повлечен од производство во почетокот на 90-те.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Carson, Greg (director). (2002). Essence of Life. [DVD]. MGM Home Entertainment. 
  2. „Glass Reflections“. конс. 2009-03-02. 
  3. „Koyaanisqatsi“. Spirit of Baraka. 2007-05-21. конс. 2008-05-28. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]