Прејди на содржината

Кочо Десано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кочо Десано (Кочо Вангелов Десановски)
Роден 1920
Битола, Кралство СХС
Починал јуни 1942
Скопје, Царство Бугарија
Народност Македонец

Кочо Десано (вистинско име Кочо Вангелов Десановски) (Битола, 1920 - Скопје, јуни 1942)[1] бил македонски комунист, борец во НОВ.

По занимање бил занаетчија - столар. За време на окупаторскиот режим на стара Југославија бил истакнат синдикалист. По окупацијата на Битола, Десано бил примен за член на КПЈ. Во подготовките на исфрлање на првиот битолски партизански одред „Пелистер“, Десано ги одржувал каналите по кои се префрлале илегалците до над селото Лавци. По априлската провала бил уапсен. Му било судено од фашистички суд кој го осудил на смрт со бесење.[1] Смртната казна била извршена во 1942 година во Скопје.

Негови потомци и денес живеат во Битола и се занимаваат со уметност.

  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-08-13.