Коча Поповиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константин Поповиќ
Константин Поповић
Коча Поповиќ како Сојузен секретар за надворешни работи
Втор Потпретседател на Југославија
На должноста
14 јули 1966 – 30 јуни 1967
Претседател Јосип Броз Тито
Претходник Александар Ранковиќ
Наследник укината функција
Трет Сојузен секретар за надворешни работи на Југославија
На должноста
15 јануари 1953 – 23 април 1965
Премиер Јосип Броз Тито
Петар Стамболиќ
Претходник Едвард Кардељ
Наследник Марко Никезиќ
Лични податоци
Роден(а) 14 март 1908(1908-03-14)
Белград, Кралство Србија
Починал(а) 20 октомври 1992(1992-10-20) (возр. 84)
Белград, Сојузна Република Југославија
Партија Комунистичка партија на Југославија
Сопружник Вероника Вјера Бакотиќ
Лепосава Лепа Перовиќ
Установа Сорбона
Професија писател
војник
Награди
Воена служба
Припадност  Кралство Југославија
 СФРЈ
Род Кралска југословенска армија
Интернационални бригади
Народноослободителна војска на Југославија
Југословенска народна армија
Траење 1926–1927
1937–1939
1941–1953
Чин Генерал-полковник
Заповеда со Началник на Генералштабот на ЈНА
Битки/војни Шпанска граѓанска војна,
Втора светска војна

Константин Поповиќ – Коча (Белград, 14 март 1908 — Белград, 20 октомври 1992) — српски и југословенски комунист, филозоф, поет, надреалист, учесник на Шпанската граѓанска војна, Априлската војна и Народноослободителната борба, општествено-политички работник во СФРЈ, генерал-полковник на ЈНА, јунак на социјалистичката војна и народен херој на Југославија. Во периодот од 1948 до 1953 година ја извршувал функцијата началник на Генералштабот на ЈНА, од 1953 до 1965 година функцијата Сојузен секретар за надворешни работи на СФРЈ, a од 1966 до 1967 година функцијата Потпретседател на СФРЈ. Еден е основачите на ФК Партизан од Белград.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 14 март 1908 година во Белград, од таткото Александар, богат индрустријалец, и мајката Ружа, родена Здравковиќ. Неговиот дедо бил генерал на Кралството Србија и академик Стеван Здравковиќ. Како дете едно време со своето семејство живеел во Швајцарија, заради што прво научил француски, па потоа српски јазик. Гимназија завршил во Белград, а потоа отишол на отслужување на воениот рок. После завршетокот на служењето војска повторно заминал во Швајцарија, па потоа во Франција, каде на париската Сорбона студирал чиста филозофија и допломирал во 1932 година. Таму се приклучил на надреалистичките кругови.

Од својата рана младост усвоил марксистички поглед на светот и пружал поддршка на работничкото движење, иако потекнувал од богато буржоаско семејство во војска. Заради тоа бил погонуван од страна на монархистичкиот режим. Инаку, генералот Коча Поповиќ завршил училиште на резервни артилериски офицери на Војската на Кралството Југославија во Сараево 1927 година, а истата година даден му бил чин на резервен артилериски потпоручник. Во Комунистичката партија на Југославија примен бил во 1933 година, после што бил уапсен.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]