Коце Томашевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коце Томашевски
Роден 1923 година
Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 април, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Коце Атанасов Томашевски ( 1923 во Глуво, Скопско12 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток.[1] Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди во Скопска Црна Гора и Косово, а потоа заминал во Срем каде со yспex завршил тримесечна воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на германските позиции. Во една од натамошните борби, поточно во битката за ослободувањето на Славонска Пожега, загинал. Бил закопан на борбената позиција.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 146. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 48. ISBN 9989-35-022-1.