Кохерентизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кохерентизам (анг. coherentism) - теорија на вистината, според која едно ветување е вистинито само во случај, или до таа мера, ако се поврзува со системот на други верувања. Кохерентизмот често бил комбиниран со идеалистичка докторина дека конечната реалност се состои од систем на пропозиции (идеализам) и е спротивен на теоријата на соодветност на вистината (реализам), која смета дека вистината се состои во совпаѓањето со постојните факти. Во епистемологијата, кохерентизмот му се спротиставува на основизмот, кој смета дека нашето знаење е засновано врз искуството или разумот, а не на кохерентноста меѓу нашите сознанија.