Прејди на содржината

Котило (зоологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меркати во зоолошката градина во Росток.

Котило[1][2] — младите што една живородна женка ги носи и раѓа одеднаш. Поимот главно се користи за цицачи и соодветствува, на пример, на ведило кај птиците.

Котилото води до физиолошко исцрпување за родителите (скотност за женката, хранење), но го максимизира бројот на потомци.[3] Котилото од една страна ја зголемува заштитата од грабливците (поголеми се изгледите едно од младенчињата да преживее), а од друга страна им овозможува на родителите евентуално да му дадат предност на она младенче што има најголеми изгледи да преживее.

Во македонскиот јазик покрај општиот збор котило за повеќе младенчиња од исто раѓање, постојат и посебните зборови:

Осмонеделни кутриња од едно кучило
  • кучило[4][5] — сите кучиња од едно окучување.
  • мачило[6][7] — сите мачиња од едно омачување.
  • прасило[8][9] — сите прасиња од едно опрасување.
  1. „котило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „котило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Cody, Martin L. (1966). „A General Theory of Clutch Size“. Evolution (англиски). 20 (2): 174. doi:10.2307/2406571. ISSN 0014-3820.
  4. „кучило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „кучило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „мачило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „мачило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „прасило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „прасило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик