Костурско Езеро

Координати: 40°30′54″N 21°18′00″E / 40.515° СГШ; 21.3° ИГД / 40.515; 21.3
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Костурското Езеро)
Костурско Езеро
Λίμνη Ορεστιάδα
Карта на Костурското Езеро
Карта
Координати40°30′54″N 21°18′00″E / 40.515° СГШ; 21.3° ИГД / 40.515; 21.3
Сливни земјиЕгејска Македонија, Грција
Најг. должина7,5 км
Најг. ширина5,4 км
Површина&1000000000000002800000028 км2
Најг. длабочина9 м
Надм. височина620 м
Населени местаКостур, Мањак, Дупјак, Маврово, Личишта, Нов Чифлик

Костурско Езеро (грчки: Λίμνη Ορεστιάδα, Лимни Орестијада или Λίμνη Καστοριάς, Лѝмни Касторијас) — езеро во Костурско, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Познато е по градот Костур, кој е сместен на полуостров во езерото.

Езерото е од групата на Егејските езера и лежи на надморска височина од 620 метри. Зафаќа површина од 28 км2 и има длабочина од 9 до 10 метри. Долго е 30 км и има водна зафатнина од 100 милиони кубни метри. Целиот слив на езерото зафаќа 253 км2.

Опис[уреди | уреди извор]

Костурското Езеро е образувано во текот на миоценот, пред околу 10 милиони години. Претставува остаток од многу поголемо езеро (165 км2) кое ја исполнувало Костурската Котлина. Во езерото се влеваат 9 помали реки како Стара Река, Сушица (Апоскепска Река), Влака (Вишенска Река), Кондоропска Река, Хухеришта (Тиолишка Река), Фотинишка Река, Истек, Свети Атанасиј и Фундуклиска Река.[1] Најголема од нив е Стара Река со среден дотек од 350 л/с. Во југозападниот дел езерото има истек во реката Бистрица.

Животински свет[уреди | уреди извор]

Во околината на езерото се среќаваат преку 200 вида птици, а самото езеро важи за второ по богатство на уловот во државата.[2]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Покрај самиот град Костур со неговите бројни византиски цркви, крај бреговите на езерото се наоѓа познатиот манастир „Пресв. Богородица Мавровска“ од XI век, неолитската населба кај с. Дупјак, каде од езерото е извадена Дупјачка таблица со натписи кои сведочат за праписменоста во Македонија во VI милениум п.н.е.[3] [4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Παναγιώτου, Ιωάννας (Ιούλιος 2012). Λιμναία Οικοσυστήματα: Γεωμορφολογική & Οικολογική Χαρτογράφηση Της Λίμνης Της Καστοριάς. Αθήνα: Χαροκόπειο Πανεπιστήμιο. стр. 27–28. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Νομαρχιακή αυτοδιοίκηση Καστοριάς, λίμνη Καστοριάς
  3. Το Δισπηλιό Архивирано на 2 март 2009 г.. Δήμος Μακεδνών
  4. Ξενάγηση στις ανασκαφές στο Δισπηλιό εφημερίδα Ριζοσπάστης, 3 август 2008

Надворешни врски[уреди | уреди извор]