Костуров брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Намибија со означени територии на националнстите. Костуровиот брег е регионот помеѓу Атлантскиот Океан и Каоковелд и Дамараланд.

Костуровиот брег (англиски: Skeleton Coast) е северниот дел од атлантскиот брег на Намибија, а мал дел од јужниот брег на Ангола. Брегот го опфаќа атлантското крајбрежје од реката Кунене на север до Свакоп на југ. Сепак, често ова име се користи да се именува и целиот крајбрежен регион на пустината Намиб.

Опис[уреди | уреди извор]

Покрај брегот се наоѓа Бенгелската морска струја што е причина за создавање на густа магла покрај брегот во текот на целата година. Ветровите дуваат кон морето и климата е пустинска, невозможна за живеење. Единствено може да се излезе до регионот пеш по топли пустински песоци, бидејќи брод не може да се приближи до копното за да отплови назад кон Атлантикот.

Регионот е претежно со ситен песок и понекогаш може да се наиде на карпести остатоци. Јужниот дел висорамнински и високи песочни дини. Денес, регионот е познат како одлично место за сурфање.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во регионот никој не живее, но Бушманите и нивната територија се соседи на регионот. Тие го именуваат регионот како „земјата која Господ ја создал во лутина“. Португалците пак го именувале регионот како „Портите на пеколот“.

Современото име потекнува од фактот што во минатото брегот бил преполн со костури на китови и фоки, кои биле како директна последица на ловењето китови. Денес брегот изобилува со остатоци од распаднати бродот кои заринкале и потонале во регионот кој е екстремно погубен за морепловството.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Skeleton Bay – The Miracle Mile? Archived 2015-12-22 на Wayback Machine carvemag
  2. „The Shipwrecks of Skeleton Coast, Namibia“. www.amusingplanet.com.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 21°36′44″S 14°32′24″E / 21.61222° ЈГШ; 14.54000° ИГД / -21.61222; 14.54000