Костиљоле д'Асти
Костиљоле д'Асти Costiòle d'Ast (пиемонтски) | ||
---|---|---|
општина | ||
Општина Костиљоле д'Асти Comune di Costigliole d'Asti | ||
Земја | Италија | |
Регион | Пиемонт | |
Покраина | Асти (AT) | |
Поделоци | Анунцјата, Бјонзо, Бољето, Бурио, Казе Маркизио, Лорето, Мота, Сабионаси, Санта Маргерита, Сант'Ана | |
Управа | ||
• Градоначалник | Џовани Бориеро | |
Површина | ||
• Вкупна | 36,86 км2 (1,423 ми2) | |
Надм. вис. | 242 м | |
Население (31 мај 2007[1]) | ||
• Вкупно | 5.981 | |
• Густина | 1,6/км2 (4,2/ми2) | |
Демоним | Костиљолеси | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 14055 | |
Повик. бр. | 0141 | |
Светец-заштитник | Нашата Дама од Лорето | |
Слава | 10 декември | |
Мреж. место | Матична страница |
Костиљоле д'Асти (пиемонтски: Costiòle d'Ast) ― мала паланка (гратче) во Италија во покраината Асти, јужен Пиемонт. Се наоѓа јужно од градот Асти во Монферато, на работ на Ланге, во алувијалната рамнина на реката Танаро јужно во ридовите. Името потекнува од латинскиот назив Corte Costeliolae.
Соседните комуни се Аљано Терме, Антињано, Калосо, Кастањоле дело Ланзе, Изола д’Асти, Монтегросо д’Асти и Сан Мартино Алфиери (во покраината Асти); и Кастиљоне Тинела и Говоне (во покраината Кунео).
Вино
[уреди | уреди извор]Костиљоле д'Асти е особено познат по лозарството. Неговите лозја, кои зафаќаат површина од повеќе од 11,75 км, се најобемни од која било од пиемонтските комуни.[2][3]
Црвени вина
[уреди | уреди извор]Главни сорти на грозје се одгледува Барбера, Долчето, Грињолино, Фрејза и Бракето. Вината означени за контролирано потекло (Denominazione di Origine Controllata) кои се произведени од овие сорти се:
- Барбера д’Асти
- Барбера дел Монферато
- Пиемонте Барбера
- Монферато Долчето
- Фрејза д’Асти
- Грињолино д’Асти
- Пиемонте Бракето
Бели вина
[уреди | уреди извор]Грозјето Москато Бјанко се одгледува за производство на три вина означени за контролирано потекло:
- Москато д’Асти DOCG
- Асти DOCG
- Пиемонте Москато пасито DOC
Сортите Кортезе и Шардоне се користат за две DOC вина:
- Пиемонте Кортезе
- Пиемонте Шардоне
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови - сестрински градови
[уреди | уреди извор]- Вајнсберг, Германија; збратимени од 2000 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податок од Istat
- ↑ „I 20 comuni del Piemonte maggiormante vitati“, I vigneti del Piemonte al microscopio, Osservatorio vitivinicolo, Regione Piemonte, Архивирано од изворникот на 20 октомври 2008. The figures shown are for 2000–201 when Costigliole d'Asti’s plantings were reported as 1,177.22 hectares.
- ↑ The varieties of wine made at Costigliole d'Asti listed below are reported in I vini di Costigliole, Comune di Costigliole d'Asti.