Коста Брава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љорет де Мар, најголемото туристичко место на Коста Брава

Коста Брава (каталонски и шпански: Costa Brava) е крајбрежен регион во североисточниот дел на Каталонија, Шпанија, во провинцијата Жирона. Коста на каталонски и шпански значи „брег“, а Брава значи „суров“ или „див“. Коста Брава се протега од Бланес, 60 км североисточно од Барселона, до границата со Франција.

Педесетите години на 20 век шпанската влада под Франциско Франко заклучила дека Коста Брава е погодна за развој како дестинација за одмор, особено за пакет договори за туристите од северна Европа, а особено од Обединетото Кралство. Комбинацијата на многу добра клима во лето и извонредни плажи, е искористена за изградба на голем број хотели и апартмани во крајбрежните градови како што се Бланес, Тоса де Мар, Љорет де Мар. Туризмот брзо го замени рибарството како најважна индустрија во регионот.

Кадакес, рај за уметниците

Додека дел од крајбрежјето на Коста Брава стана развиена туристичка дестинација, другите делови задржуваа повеќе традиционален изглед и станаа „скриен скапоцен камен“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, песок и сангрија. Малите градови како Кадакес (во близина на францускиот брег, во подножјето на Пиринеите) привлекоа туристи како Салвадор Дали и Пабло Пикасо и сè уште се во мода денес. На брегот меѓу Росес и Тоса де Мар има многу мали крајбрежни градови.

Заштита на животната средина[уреди | уреди извор]

Градовите на Коста Брава во 1998 година ја потпишаа повелбата (Карта де Тоса), чија цел е да се развие заштита на животната средина заедно со туризмот. Ова подразбира заштита на голем број природни живеалишта и микроклиматски локалитети.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]