Коста Абраш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коста Абраш
Kosta Abrasevic.jpg
Портрет на Коста Абраш
Роден/а 29 мај 1879
Охрид, Османлиска империја
Починат/а 20 јануари 1898(1898-01-20) (воз. 18 г.)
Шабац, Кралство Србија
Местото каде што се наоѓала куќата на Абраш во Охрид
Биста на Абрашевиќ во Белград

Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898) бил македонски пролетерски поет,[1][2][3][4] по убедување социјалист. Автор е на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.

Биографија[уреди | уреди извор]

Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.

Абрашевиќ е роден во трговско семејство во Охрид. Своето школување го започнува во Охрид, а по преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжува образованието таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот. Починува многу млад, на 19 години, од туберкулоза.

Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тоциновски, Васил - Стојановска-Друговац, Јованка - Наумов, Никола - Миронска-Христовска, Валентина „Коста Абраш: (125 години од раѓањето), (материјали од научниот собир одржан во домот на културата "Григор Прличев" Охрид, 6 јуни 2004)“, Скопје: Институт за македонска литература, 30 стр.
  2. Тоциновски, Васил, „Интимниот поетски разговор на Коста Абраш како колективно меморирање“, Институт за македонска литература, 2005. ISBN 9989-886-57-1. 15-30 стр.
  3. Тодоровски, Гане, „Македонската критика за XIX книжевен век“, Скопје: Феникс, 2005, 242 стр. ISBN 9989-33-147-2
  4. Ристески, Стојан, „Мајката на Коста Абраш не била Гркинка“, „Нова Македонија“. ISSN 0350-4298. - 49, 16558[16557] (26 февруари 1993), 11 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Стојан Ристески „Коста Абраш: пролетерскиот поет од Охрид“, Охрид: СИЗ за култура, 1981.
  • Ристо Ќортошев „Младиот бунтовник: годишнини: 95 години од смртта на Коста Наумов Абрашевиќ“, „Нова Македонија“, 4 февруари 1993.
  • Маринела Јовановиќ (ур.) „Охридски литературни творци од Прличев до денес“, Градска библиотека "Григор Прличев", Охрид, 1999.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]