Коста Абдерманов
Изглед
| Коста Абдерманов | ||
| Роден | 15 октомври 1927
Пателе, | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Занимање | вајар | |
Коста Абдерманов (Пателе, 15 октомври 1927 ) — македонски академски вајар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Абдерманов е роден во 1927 г. во леринското село Пателе, Егејска Македонија.[1] Се иселува во Македонија како дете бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949).[2] Завршил Академија за ликовни уметности во Белград во 1954 година. Член е на ДЛУМ. Излагал на повеќе групни и ревијални изложби. Автор е на неколку бисти на народни херои и првоборци, како и коавтор на Споменикот на паднатите борци во с. Богомила.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Абајов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 2. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Ликовни уметници – деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија / Refugee Children Artists from the Aegean Part of Macedonia“. ЗаУм. 1 јули 1988. Посетено на 11 септември 2025.