Коста Јашмаков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Коста Јашмаков (Битола, 29 октомври 1912) – учесник во НОБ, воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА.[1]

Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна (1941) бил капетан II класа на југословенската војска. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ (од април 1944), првин бил началник на Штабот, а потоа командант на Третата македонска бригада (од 6 август 1944), делегат на Првото заседание на АСНОМ,[2] а како унапреден мајор (1 декември 1944) и командант на Четириесет и втората (кумановска) дивизија и началник на Штабот на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ.[1]

По Ослободувањето бил помошник на командантот на воена школа, наставник на ВВА на ЈНА и др. Рано му престанала активната служба во ЈНА (1959 година) и бил пензиониран со чин потполковник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 638.
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 209. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Билтен на ВШ на НОВ и ПОЈ, IV, 46-47, ноември-декември 1944;
  • Извори на Ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, Том 1, книга трета. Скопје, ноември 1970; 388 и 406 стр.