Костадин Устапетров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Костадин Устапетров
Роден(а)29 октомври 1950
Струмица, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)10 јуни 2013
Струмица, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањекарикатурист

Костадин Устапетров (Струмица, 29 октомври 1950 - Струмица, 10 јуни 2013) — значаен македонски уметник, карикатурист и автор на афоризми кој долги години творел и живеел во Струмица.

Биографија[уреди | уреди извор]

Устапетров е роден во Струмица на 29 октомври 1950 година. Завршил архитектонски факултет во Скопје. Со карикатура и афоризам се занимавал од 1971 кога во „Остен“ ги објавил првите карикатури и афоризми. Објавувал во многу весници и списанија. Излагал со групата КИКС од 1973 година и Здружението на карикатуристи на Македонија од 1980 година на сите изложби во земјата и надвор. Во издание на Здружението на карикатуристи на Македонија и списанието „Остен“, 1994 година издадена е книгата карикатури „Врата кон светот“ и книга афоризми 2002 година „Надвор од рамките“ во издание на авторот.

Застапен е со карикатури во книгата „Тушот не е вода“, во издание на НИП „Студентски збор“ Скопје, 1975 година, во антологиското издание Макдонска карикатура од Владимир Величковски 1994 година, во антологијата на Македонски афоризам 2008 година и двете во издание на Алма Белград, двојазично.

Неговите дела се наоѓаат во повеќемеѓународни фестивали, музеи и галерии на карикатурата во Македонија, Иран, Италија, Канада, Полска, Словачка, Бугарија, Србија, Турција, Белгија, Холандија, Грција и други земји. Исто така е застапен во колекции на приватни колекционери по светот. Во 1996 година награден е како најдобар соработник во областа на карикатурата за тековната година на магазинот за хумор и сатира Остен. Изложувал дела со Друштвото на ликовни уметници на Струмица во земјата и надвор. Добитник е на повеќе награди за карикатури и афоризми. Последно дело е комплетот книги наречен Мозаик, 2010 година, комплет од шест книги: Практицизми, Сурфери I, Сурфери II, Лунгуре, СКК / Струмички криви краставици и Хуморист. Во 2014 година бил постхумно награден за животно дело од страна на Општина Струмица со наградата „Св. Петнаесет Тивериополски Маченици“.[1] Починал во Струмица на 10 јуни 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]