Костадин Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Д-р Костадин Георгиев — македонски деец, поранешен универзитетски професор, публицист и општественик со потекло од Пиринска Македонија.[1]

Роден е 1948 година во Ќустендилско. Доктор на филозофски науки. Професор на геолошкиот факултет во Софија. Како пројавен Македонец во Бугарија, постојано бил прогонувам и затворан, жигосуван јавно од власта и полицијата. Откако како автор, ја издал книгата „Филетизам или проклетство - некои аспекти на великобугарскиот шовинизам“,[2] тој е истеран од работното место предавач на Геолошко-рударскиот универзитет во Софија, во 1986 година.[1]

Професорот Стојко Стојков, сведочи дека секој интелектуалец кој отворено ќе застане зад идејата и подршката за македонското малцинство во Бугарија, ќе се соочи со слични притисоци како што се соочил и Костадин Георгиев, мајката на Сергеј Станишев, проф. Стефан Влахов и ред други интелектуалци.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 66. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Георгиев, Константин (2016). Филетизам или проклетство. Menora. ISBN 978-608-200-331-3.
  3. „Интервју со проф д-р Стојко Стојков претседател на партија на Македонците Омо „Илинден" – Пирин“. mkdinfodiaspora.mk.
  4. „OMO "Ilinden" - PIRIN“. www.omoilindenpirin.org.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]