Костандина Корнети-Пекевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Костандина Корнети-Пекевска
Родена Констандина Леонидова
11 февруари 1949(1949-02-11)(75 г.)
Кочани, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање лекар, анатом, универзитетска професорка
Сопружник Лазо Пекевски
Татко Леонид Корнети

Костандина Корнети-Пекевска (моминско: Леонидова; 11 февруари 1949 во Кочани) — македонски анатом и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Костандина (Леонида) Корнети-Пекевска е редовен професор по анатомија на Медицинскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала во областа на нормалната анатомија при Медицинскиот факултет во Скопје. После Дипломирањето, професорката Корнети-Пекевска е инволвирана и посветена на идејата за поврзување на анатомијата со клиничките гранки и таа е една од основачите на Европската асоцијација за клиничка анатомија во 1990 година.

Во нејзината плодна кариера, учествувала на многу меѓународни научни конгреси како поканет предавач. Автор и соавтор е на многу научни трудови. Соавтор е на учебното помагало „Анатомија на човекот - Карлица“ во соавторство со Аница Карговска-Клисарова и Надежда Христова-Ѓорѓевиќ. Во периодот 1994-1997 таа е избрана за продекан за наука на Медицинскиот факултет во Скопје. Главна истражувачки интерес на Корнети-Пекевска се комплексните морфолошки ентитети на коронарните и ембриолошките аномалии на аортниот лак, асоцирани со вродените срцеви малформации, како и интердисциплинарната колаборација во образовните и научно истражувачките активности.

Таа е поранешен член на Националниот комитет за здравствена заштита и член на Етичката комисија при Лекарската комора на Република Македонија. Проф. д-р Костандина Корнети-Пекевска е член на повеќе професионални здруженија (EARS, EASA, SPP) како и здружението на анатоми и морфолози на Република Македонија.

Во 1988 година докторира на Медицинскиот факултет со докторската дисертација под наслов „Варијации во аортно-коронарната морфологија“ под менторство на Аница Карговска-Клисарова. Богатиот научноистражувачки опус и плодната работа на Проф. Костандина-Корнети Пекевска резултра со издавањето на Епохалното дело: „Македонско-Медицински речник“ во соавторство со Никола Серафимов и Пандора Димовска.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Коробар“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 737. Text "series " ignored (help)
  2. „Editorial Team“. www.id-press.eu (англиски). Посетено на 2018-06-20.[мртва врска]