Косовско-српски гранични инциденти (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Косовско-српски гранични инциденти
Датум 25 јули 2011 – денес
Место Северно Косово
Исход сè уште траат
Завојувани страни
Косово Косово Србија Косовски Срби
Команданти и водачи
Косово Бајрам Реџепи
НАТО Ерхард Билер
непознато
Вклучени единици
Податотека:Kosovo-Police logo.svg Косовска полиција
[1]

НАТО НАТО (КФОР)

Србија Косовски Срби [2]
Сила
Податотека:Kosovo-Police logo.svg 200+
100+
Србија Илјадници протестанти
Жртви и загуби
1 убиен [1]
6 wounded [3]
непознато

Граничните инциденти меѓу Косовските Срби и де факто делумно признатиот ентитет Република Косово почнаа на 25 јули 2011 кога полицијата од Косовската страна носејќи полициска опрема се обиде да воспостави неколку гранични контролни пунктови во српско контролираното Северно Косово.[1][4] Иако тензиите меѓу двете страни се смирија по интервенцијата на КФОР НАТО силите, тензиите продолжија да бидат високи и покрај загриженоста од ЕУ, која исто така го обвини Косово за провокацијата.

Заднина[уреди | уреди извор]

Борбите се случија по неколку недели од трговското ембарго кое го воведи самопрогласената Република Косово кон Србија. Од независноста, Косово не беше во состојба да извезува до и низ Србија[1] Неделата пред инцидентот Косово го забрани Српскиот увоз.[4] Србија исто така стационираше трупи во северниот регион, со цел на бојкот на се што доаѓа од Косово.[5]

Имаше неколку борби пријавени во регионот меѓу Косовската полиција и Србите.

Инциденти[уреди | уреди извор]

На 26 јули 2011, Енвер Зимбели, член на "Специјалната полициска служба на Косово," беше убиен кога граната беше исфрлена во близина нна границата, во текот на операцијата за да се преземе контрола врз граничните пунктови. Уште пет полицајци беа повредени, а најмалку еден беше однесен на болница поради сериозна повреда.[1] Беше пренесено дека КФОРовски Ми-17 хеликоптер кој му припаѓал на Хрватската Армија бил погоден.[6] Истиот хеликоптер ги пренесуваше полициските офицери од Косовската полиција до граничниот премин Јарњак.[7] И покрај тоа што Косовската полиција подоцна се повлече и се смирија тензиите, некои Српски демостранти се вратија на вечер и го нападнаа тој граничен пункт.[8]

На 27 јули, борбите продолжија кога вооружената полиција на Косово ги презеде двата гранични премини за да воведе царина од централната влада во Приштина, Србите го запалија граничниот премин кај Јариње. Овој граничен премин наводно бил запален од страна на неколку илјади маскирани мажи, вооружени со пиштоли, секири, Молотови коктели, како и со камења и друго ,[9] и беше објавено дека исто така ги нападнале и Нато трупите кои беа дел од операциите на КФОР. Овој пункт беше запален во 2008, кога Косово прогласи независност.[5] По интервенцијата на трупите од НАТО и КФОР, офицерот за операции на НАТО, потполковник Ралф Адамец, рече дека "Ситуацијата сега е под контрола, но е тензична."[9]

На 28 јули, тензиите беа намалени, кога сите Косовски полициски сили се повлекоа од Северно Косово, оставајќи ги КФОР Нато силите да вршат ред и мир во регионот. Во замена, Србите ги отстранија сите барикади кои ги поставија.[10] КФОР презеде тотална контрола над двата премини и генералот Ерхард Билер го прогласи регионот од двата гранични премини за воена зона, сугерирајќи му на неговите војници да пукаат во кој и да било кој ќе се обиде да ја помине границата.

Подоцна, Србин беше претепан во Штрпце (етнички мешан регион), наводно поради тоа што е Србин; сепак ова не беше потврдено.[11]

Од 29 јули, НАТО силите останаа да ги контролираат двата гранични пунктови. Сепак, тие беа спречени да се вратат во нивните брази поради барикадите кои беа поставени од стотици Српски демостранти. Подоцна неколку НАТО возила се откажаа од барикадата, иако му беше дозволено да користат сила против демострантите, ако е потребно. Одлуката беше направена со цел да се избегне понатамошно крвопролевање.[12]

На 31 јули, Србите продолжија да ги чуваат нивните барикади и војниците од КФОР останаа изолирани на граничните премини кои ги чуваа. Косоварите организираа палења на српски производи и генералот Булер испрати ултиматум до Србите за барикадите.

На 1 август, НАТО објави дека исчистил три барикади но тврдеше дена има уште најмалку 5 барикади на двата правци до Србија.[13] Косовските министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи му нареди на српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ и главниот преговарач од Белград Борислав Стефановиќ, да бидат депортирани и уапсени од кога наводно илегално влегле во Косово.[14] Но следниот ден, сепак, некои барикади останаа во место додека сите големи патишта беа комплетно затворени. Агенцијата Франс Прес соопшти дека имаше сериозна криза за храна и недостаток на лекови на северот.[15]

На 2 август тензиите сè уште беа присутни и Србите продолжија да ги блокираат сите големи патишта кои водат до границите. Нато тогаш побара батаљон од околу 700 војници да биде испратен за да ги зајакне трупите во Северно Косово.[16]

Реакција[уреди | уреди извор]

Косово

Премиерот Хашим Тачи за полициската операција рече дека беше "конкретен чекор за воспоставување на законите [во Северно Косово]." Тој исто така додаде дека и покрај соработката со Меѓународната заедница...уставот и суверенитетот на мојата држава се најважни за мене и за моите луѓе и одат кон секое партнерство или лојалност."[5]

На 3 август, Косово соопшти дека нема да го прифати договорот меѓу Кфор и Србија којшто вклучуваше отстранување на барикадите во северно Косово [17] Следниот ден Министерот за надворешни работи Енвер Хоџа ја обвини Србија дека бара да потпали и да ги зголеми тензиите за да го оствари како тој што го нарече "Српскиот долг сон за поделба на регионот"[18]

Србија

Подоцна беше потврдено дека Србија ги замолила Либан и Германија како претседавачи на ООН, да организираат итна седница на Советот за Безбедност на ОН. Русија и Кина ја поддржаа Србија; но САД и Велика Британија беа против оваа идеја, поради тоа што тие сакаа инцидентите во Косово да бидат дискутирани во ОН следниот месец. ООН одржа итна седница на 28 јули, одржана зад затворени врати, но сепак, присуството на Србија не беше дозволено. На делегацијата на Косово, поради тоа што не е признато од многу земји од светот, не му беше дозволено да влезе во зградата на Обединетите Нации. Сепак ООН ќе одржат понатамошни консултации во август.[19]

Претседателот на Србија Борис Тадиќ го осуди насилството [20] Тој рече дека "хулиганите кои предизвикуваат насилство не го бранат народот или Српската држава. Луѓето мора да се оттргнат од насилство"[21]

Српскиот министер за Косово Оливер Ивановиќ рече дека "еден акт на насилство предизвикува повеќе насилство. Се плашам дека влегуваме во почетокот на насилството". "Ројтерс" исто го цитираше преговарачот од Српскиот тим обидувајќи се да пронајде решение за насилството, Борко Стефановиќ кој рече дека: "Овој насилен акт, акт на криминалци и екстремисти, претставува јасен обид да се стопираат процесите кои ние ги воведуваме за да се разрешат сите спорови на мирен начин. Ова јасно дава лоша позиција на Србите во Северно Косово и не дава решение за проблемите кои не донесоа овде во послените неколку дена."

други организации

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон издаде соопштение во кое се вели: "Јас силно го осудувам насилството кое што се случи во северно Косово. Овие случувања се неприфатливи." Таа исто така додаде дека беше "одговорност" на Српската и Косовската влада за да воспостават мир меѓу двете "нации." Нејзиниот портпарол Маја Кочијанчиќ рече дека Косовската одлука да ги преземе граничните пунктови никако не помогна. Ова не беше направено во консултација ниту со ЕУ ниту пак со меѓународната заедница и ние не го поддржуваме."

Македонија

 Македонија Али Ахмети, водачот на ДУИ (најголемата Албанска партија во Македонија) рече дека ако северот на Косово му беше даден на Србија тогаш тој нема долго да биде што тој одбра да си се вика самиот себеси како "Македонски чувар на мирот." Тој додаде дека Албанците треба да се организираат како што тоа го направија во 2001.[22]

други држави

 САД Американскиот претседател Барак Обама се согласи со Кочијанчиќ, но не го осуди Косово.[5]

Референдум

Во февруари 2012, четирите српски доминирани региони одржаа референдум на кој се изјаснаа дали ги прифаќаат институциите на Република Косово и дали тие институции треба да бидат признати. Одговорот беше негативен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Mark Lowen. „Kosovo tense after deadly clash on Serbian border“. BBC. Посетено на 2011-07-28.
  2. „Ethnic Serbs fire at NATO troops in Kosovo“. Reuters. 2011-07-20. Архивирано од изворникот на 2012-07-26. Посетено на 2011-07-28.
  3. „Google Translate“. Translate.google.co.uk. Архивирано од изворникот на 2015-11-22. Посетено на 2011-07-28.
  4. 4,0 4,1 Nato Steps In Amid Kosovo-Serbia Border Row
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 http://english.aljazeera.net/news/europe/2011/07/201172842419128741.html
  6. „Kosovo: Srbi zapucali na hrvatski helikopter u sastavu KFOR-a?!“. Jutarnji (српскохрватски). Архивирано од изворникот на 2012-10-22. Посетено на 2011-07-28.
  7. „РТС :: (Не)мирно на Косову“. Rts.rs. Посетено на 2011-07-28.
  8. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-14316858
  9. 9,0 9,1 http://edition.cnn.com/2011/WORLD/europe/07/28/kosovo.violent.demonstrations/index.html?hpt=hp_t2
  10. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-14332936
  11. http://www.ajc.com/news/nation-world/nato-peacekeepers-can-fire-1053916.html[мртва врска]
  12. http://blogs.voanews.com/breaking-news/2011/07/29/eu-urges-serbia-and-kosovo-to-reduce-tensions/
  13. http://www.foxnews.com/world/2011/08/01/nato-starts-clearing-roadblocks-in-kosovo/
  14. http://www.balkaninsight.com/en/article/kosovo-s-interior-minister-ordered-arrest-of-serb-officials
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2014-02-26. Посетено на 2014-02-26.
  16. [1]
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-02-22. Посетено на 2011-08-06.
  18. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-09. Посетено на 2011-08-06.
  19. „РТС :: Савет безбедности сутра о Косову“. Rts.rs. Посетено на 2011-07-28.
  20. „Serbs attack Kosovo border post as violence flares“. BBC. Посетено на 2011-07-28.
  21. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-28. Посетено на 2011-08-03.
  22. http://alsat.mk/vesti/zemja/2998505.html[мртва врска]