Косовски безбедносни сили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Припадници на силите на церемонија

Косовски безбедносни сили (на албански: Forca e Sigurisë së Kosovës, на српски: Косовске безбедносне снаге) — институција во делумно признаената Република Косово која се бави со територијална заштита и кризни ситуации како операции за потрага и спасување, справување со експлозивни направи и опасни материи и пожарникарство. Таа била формирана во 2009 година и од тогаш е под надзор на КФОР.[1] Има активен персонал од околу 4.000 и резервен од 2.000 луѓе. На крајот од 2018 година косовската Влада донела одлука за трансформација на истата во официјална војска на државата, понатаму со промена на името во Косовски вооружени сили (на албански: Forcat e Armatosura të Kosovës).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kosovo's security force launched (Формирани безбедносните сили на Косово)“. Би-би-си. 21 јануари 2009. конс. 14 декември 2018. 
  2. „Косово доби армија“. Радио Слободна Европа. 14 декември 2018. конс. 14 декември 2018.