Космос-1887

Од Википедија — слободната енциклопедија
Космос-1887 / Бион 8
Вид задачаБионаучна
СтопанисувачИнститут за биомедицински проблеми
COSPAR-ознака1987-083A
SATCAT-бр.18380
Траење на задачата13 денови
Особини на леталото
ВидБион
ПроизведувачПрогрес
Маса6,700
Почеток на задачата
Датум на лансирање29 септември 1987, 12:50 (29 септември 1987, 12:50) UTC
РакетаСојуз-У
МестоПлесетск 41/1
Крај на задачата
Спуштање12 октомври 1987, 04:05 UTC
Место62°47′N 112°26′E / 62.783° СГШ; 112.433° ИГД / 62.783; 112.433 (Bion 8 spashdown)
Чернишевскиј, Советска Русија, СССР
Орбитални параметри
Појдовен системоколуземска
Режимнискоземска
Занесеност0,0115800[1]
Периапсида214[1]
Апоgee369[1]
Наклон62,8211°[1]
Период90,5 minutes[1]
ДИЈ98,7516°[1]
Средна аномалија248,8099°[1]
Средно движење15,93803561[1]
Епоха12 октомври 1987[1]
Свртувања212[1]

Космос-1887 — сателит од типот Бион.

Мисија[уреди | уреди извор]

Бион 8 во својот товар вклучувал биолошки и зрачно-физички експерименти од 9 држави. Слетувањето било неколку стотина километри од очекуваното место, што довело до значителни потешкотии. Биолошката носивост на вселенското летало вклучувало 2 мајмуни, 10 стаорци, овошни муви, скакулци, бумбари, гупи, саламандери, хлорела, пченка. Во изведувањето на 33 експерименти на САД, биле вклучени повеќе од 50 научници од НАСА.

Еден од тие експерименти, бил и изучување на нивото на зрачење во вселенското опкружување, не побарувало употреба на какви било биолошки материјали. САД спровеле само еден експеримент врз приматите на биосателитот. Останатите американски експерименти биле изведени на ткива од петте стаорци кои биле на летот. Дел од експерименитите биле продолжение на претходно извршените експерименти на Спејслаб-3 во април 1985 година. Другите земји вклучени во изведувањето на експериментите на мисијата биле Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Источна Германија, Франција, Романија, Бугарија и Унгарија. Европската вселенска агенција исто така извела одредени експерименти. САД биле задолжени за развој на опремата за летот и слетувањето, потврдно тестирање на опремата и експерименталните процедури, развивање процедури за земање примероци од стаорците и пренесување ткива и податоци од Советскиот Сојуз по завршувањето на мисијата. Една од најзначајните особености било споделувањето на биолошките примероци од стаорците, со што се овозможило голем број на примероци од ткивата да се анализираат. Целта на експериментите на САД била да се испита ефектот на микрогравитацијата на различните телесни системи.

Експериментите со приматите биле осмислени за да се проучува растот и развојот на периферниот скелет. Изучувањата на ткивата од стаорците опфатиле широк спектар на дисциплини. Ефектите на микрогравитацијата на срцето, црниот дроб, тенкото црево и коскеното ткиво, функцијата на црниот дроб, растот на скелетот, а нивоата на хормоните и метаболизмот биле испитувани со различни пристапи. Други испитувања биле со цел да се увидат промените во имунолошкиот, нервниот и репродуктивниот систем, во мускулите и сврзното ткиво и во скелетната и минералната биле пренесени во лабораторијата за стаорци. Две макаки наречени Дрема и Јероша биле сместени во лабораторијата за примати.[2]

Детали[уреди | уреди извор]

NSSDC ID
1987-083A[3]
Други ознаки
  • Биокосмос 8
  • Космос 1887
  • 18380
Датум на лансирање/Време
1987-09-29 во 12:50:00 UTC
Маса во орбита
6.700 кг

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „COSMOS 1887“. Heavens Above. Chris Peat. Посетено на 15 June 2018.
  2. „mission information: Cosmos 1887“. NASA. Посетено на 25 May 2016. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. „NASA - NSSDC - Spacecraft - Details“. Nssdc.gsfc.nasa.gov. 2013-08-16. Архивирано од изворникот на 2007-02-25. Посетено на 2014-03-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]