Коски на лицето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коски на лицето
Facial skeleton - en.svg
Коските на лицето.
Facial bones - animation02.gif
Коските на лицето.
  сина: ралник (1)
  жолта: горна вилица (2)
  виолетова: долна вилица (1)
  розова: носни коски (2)
  црвена: непчени коски (2)
  светлосина: солзни коски (2)
  темнозелена: јаболчни коски (2)
  светлозелена: долни носни школки (2)
Податоци
Назнаки
Латинскиossa faciei, ossa facialia
TAA02.1.00.008
FMAFMA:53673

Скелетот на лицето е составено од три непарни и шест парни коски.

Коски на лицето[уреди | уреди извор]

Непарни коски се: ралник, долна вилица и подјазична коска. Парни коски се: горна вилица, непцева коска, долна непцева школка, носна коска, јаболкова коска и солзна коска.

Горна вилица(maxilla)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Горна вилица.

Горната вилица претставува парна, најголема лицева коска. На неа се разликуваат тело и четири израстоци. Тело (corpus maxillae) - наликува на тристара пирамида со база кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата, предната страна претставува основа на образот, задната страна е свртена латерално и учествува во ограничувањето на слепоочната јама. На средината од носната страна се ноаѓа отвор на виличниот синус (sinus maxillaris). Челен израсток (processus frontalis) – учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболков израсток (processus zygomaticus) – се спојува со јаболковата коска. Непцев израсток (processus palatinus ) – споен со истиот од спротивната страна, учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговие предни две третини. Забниот израсток (processus alveolaris ) е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни албеоли каде што се сместени корените од горните заби.

Непцева коска (os palatinum)[уреди | уреди извор]

Непцевата коска е парна коска сместена зад максилата на која се опишуваат два дела : вертикален и водорамен. Вертикална плочка (lamina perpendicularis) е сместена меѓу телото од максилата и крилестиот израсток од сфеноидната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина Водорамна плочка (lamina horizontalis ) – се ноаѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во составот на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.

Долна носна школка(concha nasalis inferior)[уреди | уреди извор]

Претставува тенка коскена плочка налик на школка. Нејзиниот горен раб споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска ограничуваат долен носен ходник.

Носна коска (os nasale)[уреди | уреди извор]

Носната коска е правоаголна коскена плочка што го гради коренот од носот. Горе е споена со челната коска, бочно со челниот израсток од максилата. Внатрешната страна од коската учествува во градбата на горниот ѕид од носната празнина.

Јаболкова коскa (os zygomaticum)[уреди | уреди извор]

Таа ја испакнува кожата на лицето во таканаречена јаболчница. На коската се разликуваат две страни: латерална или лицева и орбитална. Лицевата е подкожна, а орбиталната влегува со составот на латералниот ѕид од орбитата. На коската се разликуваат два израстока: челен израсток нагоре и слепоочен насочен надолу.

Солзна коска (os lacrimale)[уреди | уреди извор]

Солзната коска е мала тенка коска сместена во предниот дел од внатрешниот дел од орбитата.

Ралник (vomer)[уреди | уреди извор]

Ралникот е тенка непарна коскена плочка налик на ромб и учестува во градбата на коскената носна преграда.

Долна вилицa (mandibula)[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Долна вилицa .

Мандибулата е непарна коска на која се разликуваат тело и две гранки. Тело( corpus mandibulae) - наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток (processus alveolaris ) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база. Вилични гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока: преден(‘’короноиден израсток’’) служи за поврзување на темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.

Подјазична коска (os hyoideum)[уреди | уреди извор]

Непарна коска сместена по мандибулата во подјазичната мускулатура. Наликува на потковица со конкавитет свртена наназад. На неа се разликуваат тело, големи и мали рогови. Подјазичната коска не се зглобува со ниедна коска туку е поврзана со врски и мускули за черепот и градниот кош.

Галерија[уреди | уреди извор]