Горички дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Корчански дијалект)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  Горичкиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Горички дијалект или корчански дијалект — дијалектно подрачје на македонски говори кое ја опфаќа крајната југозападна граница на македонскиот јазик, а е наречено по градот Горица (Корча) и неговата околина. Својствен е на две села од Горичко: Бобоштица и Дреново. Овие говори изобилуваат со архаизми и балканизми.

Фонолошки особености[уреди | уреди извор]

  • слободен акцент со тенденција за стабилизирање на вториот слог од крајот на зборот
  • старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а или а придружено со носна самогласка ам/ан - рáка (рака), зáмби (заби), грáнди (гради), мáнжи (мажи)
  • вокалното р преминало во ар - пáрсти (прсти)
  • вокално л преминало во ал - сáлѕа (солза) , вáлна (волна)
  • консонантска група шч наместо ќ - свéшча (свеќа), плéшчи (плеќи)
  • консонантска група жџ или само ж наместо ѓ - чýждо, чýжо (туѓо)

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

Глаголи[уреди | уреди извор]

  • формите на помошниот глагол сум во сегашно време се:
Еднина Множина
'еса 'есме
'еси 'есте
'ести 'есе
  • идните времиња се образуваат со партикулата жа, која е добиена по фонетски пат шче+да=жа: жа барам (ќе барам), жа банди (ќе биде)

Заменки[уреди | уреди извор]

  • наместо показните заменки за посочување на блиски предмети овој, оваа, ова се употребуваат: сој за м.р. сази (саз) за ж.р. и сози (соз) за ср.р.
  • кратките заменски форми за 1 и 2 л. мн. во акузатив се јавуваат во архаичен облик ни, ви: нас ни виде, вас ви виде

Надворешни врски[уреди | уреди извор]