Корпо Секо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Корпо Секо (португалски: Corpo-seco, во превод Суво тело) — митско суштество од бразилскиот фолклор, кое живее во амазонските прашуми. Се храни со крв и всушност претставува амазонска верзија на вампир.[1]

Легенда[уреди | уреди извор]

Според легендата, Корпо Секо бил човек кој го поминал својот живот малтретирајќи ја својата мајка. Поради овој чин на суровост, кога умрел, Бог и Ѓаволот го отфрлиле и дури ни земјата не го примала. Еден ден, тој се кренал од гробот, целосно гнил и почнал да живее припиен во дрвјата. Кога ќе забележел луѓе тој им ја пиел крвта и со тоа добивал голема сила. После тоа се сушел и пак се припивал кон дрвјата.

Легенди за Корпо Секо постојат низ самиот Бразил како и во земји каде се зборува португалски јазик.

Во Бразил до ден денес, постои популарната поговорка: „Оној кој ја удира мајката останува со сува рака“.

Наводи[уреди | уреди извор]